ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нецензурираната библиотека е нов подарок за свет без граници и цензура

На голем број места во светот новинарите се забранувани, затворани, прогонувани, па дури и лишени од живот поради нивните зборови. Со цел нивните пораки да бидат пренесени во светот и да стигнат до места каде што владее цензура, Репортери Без Граници (Reporters Without Borders - RSF) ја изградија и отворија Нецензурираната библиотека во која, претходно цензурираните новинарски трудови, сега може да допрат до милиони луѓе низ целиот свет. Изборот на „локација“ е невообичаен. Ја изградија во популарната видео игра Minecraft.

April 19, 2020 21:55
in TECH FRONT, КУЛТУРА, МЕДИУМИ, СВЕТ

Повеќето од нас живеат во држави во кои слободата на говор се смета за фундаментално човечко право и би било тешко да се замисли животот во поинакви услови. Како и да е, повеќето од нас често го занемаруваат фактот дека постојат голем број на држави во светот во кои законодавните институции активно ги цензурираат своите граѓани чија професија е пренесување факти. Новинарите.

На голем број места во светот новинарите се забранувани, затворани, прогонувани, па дури и лишени од живот поради нивните зборови. Со цел нивните пораки да бидат пренесени во светот и да стигнат до места каде што владее цензура, Репортери Без Граници (Reporters Without Borders – RSF) ја изградија и отворија Нецензурираната библиотека во која, претходно цензурираните новинарски трудови, сега може да допрат до милиони луѓе низ целиот свет. Изборот на „локација“ е невообичаен. Ја изградија во популарната видео игра Minecraft.

Нецензурираната библиотека е „изградена“ во Minecraft
Креативниот метод на играта честопати се опишува како “дигитален Лего” и се користи во едукативни средини

Креаторите го оправдуваат својот избор објаснувајќи ја достапноста на играта. Репортери Без Граници искористија алтернативен, „заден“ дел на играта за изградба на Нецензурираната библиотека, достапна за сите, „изградена“ на отворен сервер за корисниците на Minecraft низ целиот свет.

Библиотеката е полна со книги кои содржат статии кои се цензурирани во земјите од кои потекнуваат. Овие статии се сега повторно достапни во Minecraft – скриени од владината технологија за надзор врз компјутерските игри. Книгите може да бидат прочитани од сите корисници на серверот, но нивната содржина не може да се промени. Библиотеката расте, со додавање на сѐ повеќе книги за надминување на цензурата.

Нецензурирана библиотека ги отвори своите виртуелни врати на 12 март годинава, а на тој начин креаторите го одбележаа светскиот ден против сајбер цензурата. Оваа кампања го користи хаштагот #TruthFindsAWay за да ги охрабри луѓето да ги споделат своите мисли, како и да ја шират пораката за борбата против цензурата.

Новинари од 5 различни земји (Саудиска Арабија, Египет, Мексико, Русија и Виетнам) во кои тие биле замолчени, сега имаат шанса повторно да бидат прочитани и тоа во целиот свет. Нивните статии сега се објавени како книги на Minecraft на англиски и германски, како и на јазикот на земјите од кои потекнуваат и во кои се цензурирани.

Виртуелната градина на “Нецензурираната библиотека”

За изградба на библиотеката биле потребни повеќе од 3 месеци и направена од над 12.5 милиони блокови. На 24 градители од 16 земји им биле потребни повеќе од 250 часа да ја дизајнираат и креираат целосно. Главната купола е широка речиси 300 метри, со што оваа библиотека, иако виртуелна, станува втора по големина во светот.

Сводот на виртуелната „Нецензурирана библиотека“
Дел од внатрешноста на виртуелната библиотека во која се објавени цензурирани новинарски трудови

Зошто баш Minecraft? Претставниците на Репортерите без граници објаснуваат дека нивната одлука е заснована на фактот дека оваа игра е многу популарна кај младите генерации. Повеќе од милион играчи ја играат, и покрај тоа што е стара повеќе од десет години. Креаторите на библиотеката објаснуваат како успеале да ја искомбинираат логистиката на играта со нивната порака:

“Minecraft е игра во која играчите можат да истражуваат свет изграден од блокови и пиксели. Тука можат да откријат и извлечат суровини, занаетчиски алатки, да градат структури и да соработуваат со други играчи. Креативниот метод на играта честопати се опишува како “дигитален Лего” и се користи во едукативни средини. Дел од играта е собирање и изработување предмети како што се книгите. Книгите на Minecraft имаат 100 страници и може да се пишуваат слободно. Другите играчи можат да ги прочитаат, но не можат да ја променат содржината на книгите кои се на серверот.”

„Нецензурираната библиотека“ од „птичја перспектива“

Оваа виртуелна библиотека дава пристап до бесплатни информации, но во исто време го привлекува вниманието кон сериозен проблем:

Само во 2019 година се убиени 39 новинари и 10 граѓански новинари, а во моментов во затвор се 228 новинари и 120 граѓански новинари. Ова се алармантни податоци. Во 21-от век, скоро половина од светското население сѐ уште има недостаток на пристап до бесплатни информации. Лишени од основно знаењe и манипулирани со дезинформации, тие се спречени да живеат во политички систем во кој фактичката вистина ќе служи како основа за нивните животни избори.

Главната цел на проектот Нецензурираната Библиотека е да обезбеди бесплатен пристап до информации во области во кои сѐ уште постои цензура, но и да ја алармира светската јавност за постоењето на цензурата и за слободата на говорот.

Искра Ежова

Tags: #TruthFindsAWayMinecraftThe Uncensored LibraryмедиумиРепортери без границислобода на говорцензура
Next Post

Првпат во 50 години откажан Comic-Con во Сан Диего

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk