Пишува: ХАН СОЛО ЏУНИОР
Скопје конечно стана паметен град. Скопјани? Не баш.
Камера те гледа, камера те мери, камера знае дека си прошол на црвено, камера знае дека си возел 57.3 кај што е 50. Уште малце, па ќе знае и дека сабајле не си го спуштил капакот на клозетот после мочање.
Ќе направиш прекршок – пинг!
СМС.
Мејл.
Линк.
Казна.
Дигитализација. Европа, брат.
Е сега, има делови од Скопје кај што оваа дигитална револуција некако станува аналогна.
Влагаш у Чаир, и системот ко да ти вика: „You are now leaving Safe City. Одврзете ги појасите“.
Одеднаш, правилата стануваат сугестии – Марио Карт на Плејстејшн има поише правила.
Паркирање?
Кај ќе најдеш место, брат. Тротоар, пешачки, втора лента, пред дуќан, кај Пчела, на автобуска – снајди се.
Мотор у два сабајле?
Нормално. Шо ќе купуеш ауспух па цела населба да не знае дека имаш Какасаки?
Дупла лента?
Тоа ти е за аматери. Тука имаш лента, полулента, импровизирана лента и „само две минути“ лента.
Семафор?
Ако не работи – шибај!
Ако работи – шибај!
Можеби, проектот треба да се вика „Безбеден град – како за кого.“
И така, доаѓаме до најголемата иновација на македонската сообраќајна безбедност:
Жив лежечки полицаец.
Не бетонски.
Не гумен.
Жив.
Само што, за разлика од бетонскиот, овој лежи у станица.
МВР, практично, си ја аутсорсираше работата на контрола на сообраќајот со камери. И тоа, да бидеме фер, кај што има камера – функционира. Народ успори, застанува на црвено, гледа у брзиномер ко у кладилница да следи резултат на Литванска втора фудбалска лига.
Ама камерата не може да праша: „Шефе, ова колава што пола саат стои у сред лента, може ќе ја огласат у Реклама5, оддел Недвижности?“
Не може да запре мотор без таблици и со дупнат ауспух.
Не може да растера три реда паркирани коли.
Не може да среди раскрсница кај што сообраќајната инфраструктура изгледа као Виа Игнација од римско време.
Не вештачка, Симулирана интелигенција, брат.
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Сите права се задржани.






