НА сметките на 4.945 сточари кои имаат задржани женски јагниња и јариња денеска се исплатени субвенции во износ од 88,6 милиони денари, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
ДВЕ третини од судиите од Основниот Суд Куманово донираа на сметките на Министерството за здравство. Како што информираа денеска надлежните од судот, собрани се 240.000 денари кои се уплатени на сметките на Министерството за здравство.
ВЕЌЕ е јасно како бел ден. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидуваат да избегаат од избори со цел да го пролонгираат денот кога ќе доживеат уште еден изборен пораз, стои во соопштението на СДСМ на официјалната страна на партијата.
ШЕЌЕРИНСКА: Потпишавме Протокол за донација од Норвешка во вредност од 100.000 евра.
ЛИДЕРОТ на СДСМ после лидерската средба истакна дека ќе мора да научиме да живееме со корона вирусот. Тој истакна дека затоа мора да се искористи првиот момент кога ќе се создадат услови за одржување на Парламентарни избори.
ЈОВАНОВИЌ: Ќе мора ВМРО-ДПМНЕ после избори да си најде поинтелегентен лидер.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски, со пост на Фејсбук за вчерашната лидерска средба, целосната поддршка и довербата на сите политички субјекти кон Комисијата за заразни болести, дискусијата за условите за избори и за ставовите на опозицијата во врска со изборната кампања.
ШКРИЈЕЉ: Продолжуваат со работа 170 невработени лица кои испорачуваат услуги за околу 1500 стари лица низ 26 општини.
ПЧЕЛНИОТ отров сепак не е докажан лек против Ковид-19.
ФИЛИПЧЕ со препораки за корисниците на јавен превоз.
ВО вчерашниот напад врз болницата во северен Кабул, каде „Лекари без граници“ водат породилиште, биле убиени 12 мајки и медицински сестри и две бебиња, соопштија авганистанските власти.
СВЕШТЕНИЦИ од СПЦ во црногорската општина Бијело поље синоќа биле повикани на информативен разговор, поради органзиирање на литија и присуство на протестен собир, пренесува BN.
ГЕРМАНИЈА има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни.