Советот за безбедност денеска ќе расправа за породолжување на вонредната состојба. Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува утре. Денеска треба да се одржи седница на Советот на безбедност на која ќе се разговара за евентуално продолжување на вонредната состојба, за што предлог треба да достави Владата. Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 дена или помалку.
Протоколот за кампања и гласање изготвен, подготвено мислењето од ДИК за предвремените парламентарни избори. Датумот се очекува да биде одреден на втората лидерска средба на оваа тема најавена за почетокот на идната недела.
Членовите ДИК, според информациите, изградиле единствено мислење во врска со продолжување на изборниот процес. Тие се согласиле дека сите одлуки што треба да се носат во врска со предвремените избори и продолжување на изборниот процес во контекст на мерките за коронавирусот треба да бидат согласно Изборниот законик и постоечките закони.
Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките.
Најголем број дијагностицирани има во Скопје – 588 и 138 активни случаи, Куманово – 411 и 47 активни случаи, Прилеп –190 и 62 активни случаи, Тетово – 126 и 63 активни случаи…
Мрежата против насилство врз жените бара итно расчистување на двата последни случаи на фемицид.
Два фемицида за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство, реагира Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и ги повикува министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и Основното јавно обвинителство итно да ги расчистат случаите и да покренат соодветни постапки против сторителите на убиства на жени што се случија во изминатите 15-ина дена.
Рочиште за „27 април”.
Досега во случајот за организартoрите за „27 април”, каде се обвинети пораншениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, пораншените министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевси и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, сведочеа неколку лица, меѓу кои и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Сончево и многу топло, со температура до 34 степени Скопје.