„Навремените реакции и соодветниот системски пристап направи епидемијата да биде ставена под контрола. Денес сите ние сме благодарни на сиот труд и пожртвуваност на нашите здравствени работници кои несебично се вложија изминатиот период. Им оддаваме и јавни признание на граѓаните, на мнозинството граѓани кои ги почитуваа мерките и допринесоа со своите постапки“, изјави Јагода Шахпаска, СДСМ, од Штип.
„Оваа криза покажа дека здравството е еден од основните општествени столбови и секој влог во него е влог во сите нас. Се наоѓаме во комплицирана состојба без Собрание и со техничка Влада која имаше мандат само за организирање избори. СЗО предупредува за можност од втор бран на есен, пред се заради заштита на здравјето на граѓаните, изборите се решение.
Нашата татковина мора подготвено да го дочека септември . Да бидеме целосно спремно за очекуваниот втор бран. Предлозите за избори токму во пресрет на вториот бран на есен се неодговорни и на штета на здравјето на луѓето. Функционални институции ни се потребни за справување со очекуваниот втор бран, но и за рестарт на економијата ни е потребен целосно функционален и демократски поставен систем и целосно економски систем за зголемување на потрошувачката и за развој на македонското стопанство.
Опструкциите на опозициските функционери на техничката Влада се доказ дека личните агенди и тесно партиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од здравјето на граѓаните и економските мерки наменети за граѓаните. Таква деструктивност е недозволива. Затоа време е за избори. За заштита на здравјето на граѓаните, за економијата и демократски институции“, истакна Шахпаска.