Укинат полицискиот час, вонредна седница на Спасовски, Филипче и Караџовски во 19 часот. Сепак ќе мора да се почитуваат строго мерките за заштита кои се донесени од Владата.
Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок. Ставот на СДСМ неколкупати јавно го соопшуваме и тука нема што да се крие. Како што напоменав и во оваа прес-конференција дека изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, секако по завршување на вонредната состојба и согласно состојбата со епидемијата, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес конференција.
Рускоска: Ја докажавме вината на Јовановски и Јанева.
Раст на цените на горивата од 2,5 до 3 денари. Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на нафтените деривати во земјава. Информациите не се најповолни за потрошувачите бидејќи со оваа одлука цените ќе скокнат до три денари за литар. Со новите измени „Еуросупер 95″ ќе се продава по повисока цена за три денари и од ноќеска на полноч литар од ова гориво ќе чини 57,50 денари.
Комисијата за заразни болести демантира дека е донесена одлука за целосно олабавување на мерките.
Штипската текстилна конфекција каде има шест заразени работнички со Ковид 19 ќе биде затворена една недела.
Кристина Ампева од Гласен Текстилец уште од вчера препорача во трите фабрики, кои заеднички ги превезувале работниците да се користи годишниот одмор за да се спречи состојбата да излезе од контрола.
Бочварски: Дезинфекција пред конфекциите и во автобусите во Штип.
Бочварски упати апел до граѓаните да бидат внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита на сите граѓани.
Мицотакис: На 15 јуни ќе се отворат копнените граници со соседните земји.