Претседателот на СДСМ, Заев во објава на Фејсбук сподели видео за развојот на новата македонска економија и понудениот модел што дава шанси за сите.
Ја кренавме економијата од -1,8% на +3,6%. Продолжуваме со развој на нова, развојна македонска економија. Ги имаме условите – имаме работлив народ, наши ресурси и предности, да живееме и побогато и посреќно.
Нудиме модел што дава шанси за сите, што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија, напиша Заев во објавата на Фејсбук.
А. Н. С.