ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 12 часот: Стапи на сила законот за ЈО, непотребната итрина на Давкова во празната и црна кампања на ДПМНЕ…

June 30, 2020 12:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ШЕКЕРИНСКА: Со Законот за ЈО кој денеска стапи на сила, сега првпат имаме шанса. Предвидуваме целосна проверка од страна на соодветни институции на имотот и потеклото на имот на сите судии и обвинители, оти знаме дека нешто кај некои обвинители и судии навистина не е логично.

РЕТОРИКАТА на проф. Силјановска-Давкова, непотребна итрина во празната и црна кампања на ДПМНЕ.

ЈОВЕСКИ: Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница, нагласува државниот јавен обвинител.

АТАНАСОВСКИ во Утрински Брифинг: ДУИ освен создавање меѓуетнички тензии не знае на друг начин да функционира.

ДРЖАВЕН совет за превенција на детско престапништво: Вклучување деца во политичка кампања е недозволиво.

ЦАРОВСКА: Го стабилизравме пензискиот систем и обезбедивме повисоки пензии.

УШТЕ еден брод од трите кои ги постави минатото раководство на Градот, а се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави, ќе биде отстранет.

ДЕЛЧЕВСКАТА градинка ,,Весели Цветови” го укина материјалниот трошок за родителите, чии дечиња поради коронавирусот не посетуваа градинка во изминатите неколку месеци.

ТРИПТИХ на британско-ирскиот уметник Френсис Бејкон вчера е продаден за 74 милиони долари на интернет-аукција на аукциската куќа „Сотби“.

ЛЕТОТО пристигна, сите со нетрпение чекаме да одиме на плажа, но никој не планира да го донесе коронавирусот дома. Можете да уживате без страв сè додека се придржувате на дистанцата и на упатствата на експертите.

ГРЦИЈА утре и официјално ќе отвори дел од граничните премини со Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Турција, но во текот на денешниот ден ќе се знае дали тоа ќе значи и дозвола за влез кај јужниот сосед за македонските, албанските и турските државјани.

БАРАЊАТА за финансиска поддршка за плати поставени на системот Е-Даноци и ЕПДД.

ЕВН Македонија утре планира неколку технички зафати во електро-системот во градот Скопје, поради што без струја ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош.

ПОРАНЕШНИОТ американски полицаец, серискиот криминалец познат како „Голден Стејт килер“, призна 13 убиства, како и серија силувања и упади во домови во Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите.

А. Н. С.

Next Post

Манчевски: Ова е прва кампања во историјата на нашата држава во која не се зборува за членство во НАТО и ЕУ,тоа е завршена работа

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk