ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рускоска со тужба против ВМРО-ДПМНЕ, а Кацарска со прашање за што се бори Мицкоски освен за штитење криминал

July 4, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вилма Рускоска, шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, наменета до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се однесува на дел од содржината на изборниот спот на опозиската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Денес, на социјалните мрежи на ВМРО-ДПМНЕ се појави нов предизборен спот, повторно, со навредлива содржина за Рускоска, во кој се инсинуира за нејзина соработка со владеачката партија.

Во предизборниот спот насловен како „Криминална приказна“ се споменува нејзиното име, во навредлива конотација која инсинуира корупција и поврзаност со Социјалдемократскиот сојуз, но во новиот спот ВМРО-ДПМНЕ отишле еден чекор подалеку, со тоа што нејзиниот, и ликот на Добрила Кацарска се појавуваат на картонски фигури, прегрнати со глумец кој треба да го претставува Заев, со што повторно се инсинуира на корупција и соработка помеѓу Обвинителството и Социјалдемкотраскиот сојуз.

За опомената пред тужба за првиот предизборен спот, Рускоска образложи за ДВ дека никогаш не дозволила политиката да влијае на нејзините одлуки, и дека категорично одбива да ја поврзуваат со која било политичка партија и да биде злоупотребувана вo политички спотови.

„Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат.

Oд овие причини, одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови. Не сум член на ниту една политичка партија, нешто што може многу лесно да се провери. Дотолку повеќе, што јас сум единствениот обвинител од осамостојувањето на Македонија, што има поднесено oбвинение против потпретседател на Собрание од редовите на, тогаш владејачката партија, СДСМ“, вели Русковска за ДВ.

Во опомената доставена до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се бара извинување до обвинителката, толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите.

Доколку тоа не се случи, ќе биде поднесена тужба пред граѓански суд.

За новиот спот Рускоска сè уште нема официјална изјава, но на социјалната мрежа Твитер се појави аудио снимка од Кацарска, во која таа вели дека не е изненадена бидејќи не е првпат нејзиното име да се споменува во негативните кампањи на ДПМНЕ, но дека Мицкоски треба да биде свесен дека ваквите спотови прават повеќе штета за нив, и дека со ова се докажува дека ги злоупотребуваат државните пари обезбедени за финансирање на предизборните кампањи, со тоа што наместо да ги промовираат своите кандидати и агенди, тие водат негативни и црни кампањи.

Дробење. 👊 pic.twitter.com/yxt9WwiJJD

— Мијакот 🇲🇰 🇺🇲 (@Mijakott) July 4, 2020

Таа вели дека нејзината работа е оценета од Стејт Департментот, Европската унија, и ОБСЕ, и дека со ваквата кампања Мицкоски докажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупција, и дека како кандидат за премиер јасно покажува дека ќе го штити криминалот и ќе поддржува судии кои ќе работат спротивно на законот.

Кацарска во аудио снимката јасно го повикува Мицкоски да каже дали поддржува судии кои чесно и со интегритет ја работат својата работа, или судии кои ќе работат спротивно на законот.

И. Е.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Нови предизборни спотови на ДПМНЕ во кои се дискредитираат судијки, се чисти калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор...

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk