ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наумоски: Нели е детски да ја прекинуваш играта ако ти не учествуваш?

July 4, 2020 19:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Има една екипица на ФБ што секојдневно меѓусебно се јача и повикува други да не гласаат на претстојните избори, затоа што се немало избор. Ако им го проверите хаштагот, ќе видите дека постираат истите два-тројца, но и ќе забележите дека тоа се кандидати на Левица од 2016-та.

Е сега, иако е легитимна наивната позиција дека го мењаш светот ако не гласаш мислејќи дека бескрупулозните политичари ќе се фатат за глава кога ќе сфатат дека маргиналниот газ не дошол на гласање, сепак не може да се побегне од впечатокот дека се работи за злобни лузери што повикуваат сите да се откажат само затоа што они испаднале од играта. Имено, системот беше совладлив, избор имаше, победата беше на дофат, светот беше менлив… ама на минатите избори, кога они беа кандидати! Овојпат, кога не се кандидати, викаат дека системот е трул, дека ништо нема да се постигне, дека нема избор и сл. Па, нели е малце поише нарцисоидно да го легитимираш процесот со твоето учество во него? Нели е детски да ја прекинуваш играта ако ти не учествуваш?

Притоа, иако му се љути на Стаљин од Велес за тоа што на клоци ги избрка од партијата што они ја создадоа, од што се инати магарешки, не сфаќаат дека со своето однесување го помагаат токму неговиот избор (помала излезност – повеќе шанси за помали партии). Сите они го знаеја длакавиот леприкон од порано. Знаеја дека е психопат, дека е болен за власт, дека е лажов и автократ и дека кога ќе дојде време ќе ги прати во гулаг, ама сепак си застанаа рамо до рамо со него на минатите избори, му ја дадоа да ја води првата изборна единица (каде беа најголемите шанси за успех), па после му дадоа да се кандидира на локалните во Велес… Кога ни го препорачуваа на изборите во 2016-та и 2017-та, тогаш имаше избор? Тогаш системот се мењаше од внатре со само еден пратеник во собрание или советник во општина?

Не, дечки, вие сте криви за неговото политичко етаблирање. Вие сте и криви што денешната политичка левица е окупирана од нацисти. Затоа што дозволивте црнокошуљашите да ви ја земат партијата, да ви ги земат парите и ресурсите, да ви го одземат угледот, затоа имавте обврска да си ја кренете организацијата на нови темели и да не му дозволите на кретенот да помириса пратенички мандат. Вие имавте две години да понудите алтернатива, ама седите во своите глувчешки дупки и се појавувате сега сред утакмица и барате никој да не игра/гледа/навива затоа што вие не играте.

Феjсбук пост на Никола Наумоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повеќе од 11 милиони заболени во светот од Ковид-19

НАЈНОВО

Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk