Демонстрантите во Србија со транспарент им заблагодарија на телевизијата N1 и на нивните репортери кои пожртвувано излегоа на терен со цел транспарентното и објективно да ја пренесат вистината, додека во земјата владее медиумски мрак за тоа што се случува на српските улици.
По најавените рестрикции и затворањето на студенстките домови, студенти од Белград спонтано излегоа на улица да го демонстрираат своето незадоволство, но изминатите два дена протестите се проширија и низ други градови во Србија.
Протестите прераснаа во насилни, и од страна на демонстрантите кои кршат и каменуваат, но и од Српската полиција за која на видео материјали снимени од граѓани се гледа дека употребува прекумерна сила и брутално тепа луѓе кои седат на клупа или се веќе повредени.
И демонстраните, а и Партијата за модерна Србија го повикаа јавниот сервис да известува навремено и вистинито, а надлежните со почит да им се обраќаат на граѓаните, и истовремено ја осудија полициската бруталност.
Демонстрантите се најзасегнати поради необјективното пренесување од страна на јавните сервиси, и ги обвинуваат како соучесници во како што велат, црната агенда на Вучич во манипулацијата со бројките на заболени, и на тоа што се случува на српските улици изминативе неколку дена, а група на демонстранти од Нови Сад ваквото незадоволство го изјасниле со каменување на зградата на Радиотелевизија Војводина.
И.Е.