НЕ се знае во какво својство Ахмети е повикан во Хаг. Маргарита Цаца Николовска, во изјава за Телевизија 24, рече дека меѓународните обвинителства и судови се многу затворени и не наведуваат во кое својство повикуваат поединци или високи функционери.
УПРАВНИОТ суд ги одби сите досега резгледани тужби на решенијата на ДИК.
ГРУПА карабиниери е уапсена, а нивната полициска станица во Пјаченца е затворена, откако истражните органи открија серија злосторства што ги сториле во просториите на станицата, пренесе денеска Би-Би-Си за аферата што ја згрози Италија.
ХРВАТСКИОТ мандатар Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека новата влада ќе ги исполни ветувањата за раст на просечната и минималната плата и дека просечната плата во таа земја за четири години ќе биде 7.600 куни (1.010 евра).
ГРУПА еко-активисти и граѓани доцна попланднево започнаа протест насочен против палењето на регионалната депонија Русино и нејзиното функционирање.
САД денеска им се приклучија на Литванија, Летонија и Естонија, во спротивставувањето на сите руски обиди за прекројување на историјата, откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека балтичките држави во 1940 година се согласиле да бидат анексирани од Советскиот сојуз.
ФРОНТ: Не е проблемот до Статутот – колимна на Сашо Орданоски.
ПОВЕЌЕ од 10.000 здравствени работници во 40 држави од Африка се со инфекции на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација.
РАБОТНА средба на директорот на БЈБ, Тасевски со претседателот на полицискиот президиум на Чешка, Јан Швејда.
БОЛНИЦА во францускиот град Лион тестира нов апарат кој е во состојба, со анализирање на здивот на пациентот, за само неколку секунди да открие дали има коронавирус.
МАСКИ треба да се носат дури и дома, ако сте со луѓе со кои не живеете, изјави денеска здравствениот функционер од регионот на Мадрид, Енрике Руиз Ескудеро, иако призна дека не постои начин да се спроведе таква препорака.
ВО Дебар четворица новозаразени со Ковид-19, еден оздравен и еден починат.
J. Ѓ.