Охрид врие трет ден откако туристите навалија и ги загрижија властите дека непочитувањето на мерките против Ковид заразата ќе ја рашири пандемијата. Петмината државни пазарни инспектори биле недоволни, па од вчера напомош им пристигнале 16 колеги од Гостивар и Скопје, пренесува Телма.
Епилогот по 24 часа бил 2 кривични пријави за организаторите на забавите на плажите 2 и 3 во Градиште.
Инспекцискитие тимови упаднале во сите кафеани, ресторани и објекти на плажите. 17 заработиле парични казни. Инспекторите се згрозени од однесувањето на младите туристи и нивното однесување, а најмногу непочитувачи на мерките уловиле кај закупците на педалинки, чадори, лежалки и други реквизити.
Полицијата делела казни по парковите, на кејот и улиците.