Петмина пациенти и тројца вработени во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ од Скопје се позитивни на ковид 19, дознава ТВ 24.
Пациентите кои се повзрасни и се лекувале таму пројавиле симптоми и биле тестирани и излегле позитивни на тестот. Сите се пренесени на лекување на Инфективната клиника и во ковид центарот во Козле.
Информацијата за ТВ 24 ја потврдил и министерот за здравство Венко Филипче. Тој рекол дека оваа ЈЗУ нема да биде ставена под клуч, бидејќи лекарските тимови работеле во смени со што е избегната поголема опасност од ширење на вирусот.