ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Богоевски: Левица има депозит поголем од 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката

August 14, 2020 12:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

На својот Фејсбук профил поранешниот пратеник во Собрание, Павле Богоевски, изнесе информации дека партијата Левица има повеќе од 30.000 евра во пропаднатата банка „Еуростандард“. Како што пишува Богоевски, овие податоци може да се видат на партиската сметка на изборите, која го содржи кодот на банката.

„Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка.

Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“.

Да се разбереме – пропаѓањето на Еуростандард е трагедија која ќе ги влоши и искомплицира животите на голем број граѓани кои имаат заштедено во банката и ќе ја загрози ликвидноста на голем број фирми. Дополнително, Менаџментот и тимот на Еуростандард низ годиниве имаат донирано огромни пари во хуманитарни цели и имаат помогнато на голем број луѓе и ако ништо друго – од тој аспект ми е жал што повеќе нема да бидат на сцената и што броен и професионален кадар ќе треба да бара нови работни места.

Ама друштво – парите на ВИСТИНСКАТА работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 ЕУР – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Сретствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста.

Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните???

Во меѓувреме со најавените реформи на банкарскиот сектор димче ќе може само да се слика и да држи пресови – бидејќи тој текст никогаш нема да биде преточен во Закон. И тој го знае тоа, ама не му е важна ниту реформата, ниту граѓаните – туку само публицитетот кој ќе си го добие пенавејќи се на сметка на „лошите капиталисти“.“

А да – очигледно и многу му е гајле за парите на обесправените граѓани, се’ додека тој лично е „најобесправениот“, напиша Богоевски на својот профил.

Next Post

Брутална одбрана на 26 годишниот режим на Лукашенко, отпорот на прогресивна Белорусија продолжува

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk