ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно, истакна Заев, нулта толеранција за родово базирано насилство, порачува Пендаровски, да зборуваме постојано нагласи Царовска

November 25, 2020 12:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените „16 дена активизам“ потенцира дека сите ние, а особено мажите, имаме и општествена одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно!

Работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција, истакнува министерот Спасовски.

Министерката Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 16 дена активизам рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.

Нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори, вели претседателот Пендаровски.

Одложено рочиштето за „Моќник“, екс лустраторот Томе Аџиев позитивен на Ковид 19. Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

ФРОНТ – Бајден: Империјата ќе го возврати ударот!, колумна на Сашо Орданоски.

Бајден: САД ќе го предводат светот, нема да се повлекуваат од него.

Во Германија, во последните 24 часа починаа 410 лица како последица на коронавирусот, најмногу за еден ден, а бројот на потврдени случаи се зголеми за 18.633 на 961.320, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Во Русија, во изминатите 24 часа починаа 507 лица од коронавирус, што е првпат од почетокот на пандемијата бројот на смртни случаи во еден ден да надмине 500.

Угостителските и услужните објекти во Црна Гора од денеска ќе бидат работата од 7 до 18 часот, додека од 19 до 5 часот наутро ќе важи забраната за напуштање на домовите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Лајен: Првите граѓани на ЕУ ќе бидат вакцинирани пред крајот на годинава

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk