Велешанец на Твитер објави дека е воодушевен од животот во Гостивар. Тој на својт профил објави дека велешани се во заблуда дека секаде се живее лошо, како што е случајот во Велес.
„Бев во Гостивар денес. Тоа е друга држава, сите работат, убава природа, врвна услуга, преубава баклава, сенз за бизнис невиден. Очигледно ние од Велес живееме во заблуда дека нике како што живееме, така е во цела држава. Ние изгледа сме на на дното во секој поглед“, напиша велешанецот.
Извор: Twitter