ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Сугарески од Прилеп: Во мојот ресор нема простор за никакви споредби со оние резултати од претходната власт

Во делот на патната инфраструктура во овие 2.5 години ние имаме 700 км реализирана патна мрежа. Дополнително уште 400 км се работат во моментот, а 300 се во тендерирање и во ноември ќе почнат, а ќе продолжат на пролет. Во делот на реконструкции на патишта: ВМРО ДПМНЕ во 11 години 650км. СДСМ во година и 2 месеци 500 километри

October 26, 2019 17:16
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На трибината на СДСМ под мотото „На правиот пат“, одржана пред неговите прилепчани, Сугарески говореше за приоритетите кога оваа гарнитура дојде на власт после 11 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а посебен акцент стави и на достигнувањата што ги има постигнато за овие 2.5 години како ресорен министер за транспорт и врски.

– Приоритет ни беше да ја вратиме слободата и демократијата во државата и да направиме многу проекти, а не само формално да исполниме изборна програма туку проекти од кои ќе видат бенефит граѓаните.

Слободата и демократијата ја вративме и луѓето повеќе не зборуваат со страв како порано кога им беше страв името да му го спомнат на Груевски и на онаа банда која беше на власт 12 години.

Европскиот колосек стигна во нашата држава, европска е оваа Македонија. Ние практично сме членка на НАТО и што е најбитно од сè државата е комплето стабилизирана, нагласи Сугарески.

Потоа низ неколку примери Сугарески направи компарација на тоа што се направи сега, а како беше претходно:

– Кога бевме опозиција 17, 18  пати го предлагавме законот за минимална плата и законот за стечајни работници. И наместо тие да гласаат за тие закони, ни се смеја и никако не прифаќаа. Тие наместо да го прифатат тоа, 17 пати по ред секое утро гледавме како во Скопје се дигаше по еден споменик. Минималната плата беше 9.500 денари сега е 14.500. Велеа дека тоа го предлагаме ради популизам.

Сега го решивме проблемот со стечајните работници. Во моментов 12.000 стечајни работници земаат паричен надоместок, а ДПМНЕ 17 пати бегаше да се донесе законот што го предлагавме за стечајните работници.

Сугарески пред преполната сала во Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп, продолжи со споредбите во ресорот транспорт и врски и додава:

– Во мојот ресор нема простор за никакви споредби. Во делот на патната инфраструктура во овие 2.5 години ние имаме 700 км. реализирана патна мрежа. Дополнително уште 400 км. се работат во моментот, а 300 се во тендерирање и во ноември ќе почнат, а ќе продолжат на пролет. Во делот на реконструкции на патишта: ВМРО ДПМНЕ во 11 години 650км. СДСМ во година и 2 месеци 500 километри, потенцира Сугарески.

За Гасификацијата напомна дека начекале само ископани дупки и канали, а експроприација ненаправена на 98% од земјиштата. Сега гасоводот е донесен безмалку пред Прилеп, до година ќе стигне до Битола, а наредната година ќе биде завршен и кракот од Скопје до Тетово и Гостивар, истакна Сугарески.

До сега се релизирани 60 км. водовод и канализации само преку министерството за транспорт и врски, а во моментов се работи на 180 км канализации и водоводи, заврши Сугарески со споредбите за ресорот за кој е задолжен.

Сугарески говореше и за грешките и дека нема идеална влсат, но вели дека разликата е што оваа власт на дневна основа се обидува сите грешки и во од’ да ги поправи.

За лицемерието на Мицкоски, Сугарески вели:

– Не постои ни еден човек од раководството на ВМРО-ДПМНЕ што се откажал од Груевски, од неговото владеење и од него како почесен претседател. Тие во статутот немаат почесен претседател, Мицковски вели дека ќе ја укинел позицијата почесен претседател, кого лаже Мицкоски, прашува Сугарески.

Сугарески на крај пред своите прилепчани потенцира дека мора да се работи и сега, безразлика што доаѓаат предвремени избори и дека е сигурен дека сите мерки кои се предвидени ќе се реализираат.

На трибината покрај Сугарески, говореа претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателот на СДСМ Коста Петров и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

На чекање

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk