ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Како се распаѓаше ВМРО-ДПМНЕ

Гласањето за Законот за јавно обвинителство покажа дека врвот на ВМРО-ДМПНЕ не може да си дозволи бескрајна злоупотреба на луѓето. Нивниот претседател, намесникот (го викаат и извршителот) на Груевски, уште еднаш направи погрешни математики. И во завршната фаза на овој тежок процес се случи нешто практично неверојатно.

February 16, 2020 17:52
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во ВМРО-ДПМНЕ веќе не мислат сите исто. Само шестмина гласаа против Законот за јавно обвинителство… Зарем е нормално ова? Како тоа можеше толкава партија да се распадне, а да не го видиме тоа до самиот крај? Што се случи?

Ни Солза да капне од окото, ни Апаш да напише глупав и отровен пост на Фејсбук… Ни милион Африканци што се населуваат во Македонија-Етиопија… Ни лошиот глумец, а уште полош политичар што кине зелени од говорница… Ни заканите и лагите од лошата копија на Гебелс… Ни исфрлениот од поплава на брегот на Халкидики, глупавиот „герилец“ што лошо копира активизам… Ништо од тоа не помогна. На Кољо чифликот се распаѓа, а Математичарот на Тато уште еднаш не ја реши задачата…

Може многу да се говори за целиот процес на донесување на Законот за јавно обвинителство во Собранието, но најважно од сѐ е дека тој заврши – успешно. Одговорноста и повикот да се донесе државничка одлука победија уште еднаш. Веројатно, тука има и оправдано стравување од срамот што ќе го следи името на секој што се противи на европската иднина на Северна Македонија. Последиците ќе ги видиме допрва, но важно е дека се извојува уште една успешна битка.

Долг беше патот на Законот за јавно обвинителство. Цела една институција беше урната на тој пат, под жестокиот оган од политичкото и криминалното подземје во и надвор од земјава. Криминалците удрија и таму каде што најмногу боли, каде што имаше најмногу надеж – СЈО. Сепак, процесот продолжи.

Цела една година траеше ова мачно измачување, време во кое легалистите се бореа против гангстерите чија единствена цел беше да обезбедат неказнивост за криминалот и насилството што траеше 11 години.

Целата партија беше жртвувана, уште еднаш (по којзнае кој пат), за да се издејствува исполнување на еден единствен услов – амнестија за криминалците. Нивната намера секој ден стануваше сѐ поочигледна. Ја вклучија сета своја валкана агитпроп (куртон, според Латас) машинерија, до последниот крадливец и фашист маскиран зад левичарски идеи. Ги гореа и своите луѓе, а купуваа и довчерашни противници. Ги користеа сите слабости на едно ранливо и недоволно оформено општество. Ја искористија суетата и лакомоста и на оние што не би можел никој да ги замисли на нивна страна. Сите заедно, се обидуваа, ако ништо друго, да ги убедат луѓето дека „сите се исти“. Неуспешно. За среќа.

Ги ангажираа сите, па и најглупавите онлајн насилници и будалетинки да блујат отров по социјалните мрежи, како да нема утре, како да немаат семејства и пријатели што се срамат од нив (освен ако и тие не се исти како нив). Вложија огромни пари и врски, за да ја уништат сопствената земја, само за да се извлечат од одговорноста за своето дивеење. Ја мобилизираа сета своја партиска пешадија и направија злокобен обрач околу себе. Не им беше грижа за ништо и за никого освен за сопствените криминални интереси. Ги жртвуваа луѓето околу себе, како топовско месо, да изгорат во битката против правната држава. Универзитетски професор(к)и се посрамотија како последни будали, бранејќи нешто што не се брани.

Но, сето тоа заврши. Неуспешно за криминалната клика, успешно за правната држава.

Гласањето за Законот за јавно обвинителство покажа дека врвот на ВМРО-ДМПНЕ не може да си дозволи бескрајна злоупотреба на луѓето. Нивниот претседател, намесникот (го викаат и извршителот) на Груевски, уште еднаш направи погрешни математики.

И во сиот тој процес се случи нешто практично неверојатно.

За фамозниот Закон за јавно обвинителство гласаа 80 пратенички и пратеници, а само шест беа против! Само шест! Под силниот притисок, партијата им се распадна на најситни парченца.

Неславен крај.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ESPRESSOВМРО-ДПМНЕГруевскиЕУЗакон за јавно обвинителствоМицкоскиполитикаправдаСобраниеЏабир Дерала

НАЈНОВО

Роверот на НАСА  Perseverance, во Кратерот на Марс Језеро. Фото: генерирано со ВИ

„Непослушна карпа“ на Марс: Роверот на НАСА открива нови траги дали Црвената планета некогаш била погодна за живот

July 1, 2025
Радиотелескопот ASKAP во Западна Австралија улови моќен радио сигнал од сателит на НАСА кој престана да работи во 1967 година. Фото: Алекс Черни/CSIRO

Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk