ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бугарија и С. Македонија од понеделник прекинуваат со увоз-извоз на гориво од отпад

– Ние ја затвораме Македонија за РДФ отпад, ја затвораме. Од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Северна Македонија кон Бугарија ќе поминува таков вид на отпад. За секундарни суровини за рециклирачката индустрија работите ќе се одвиваат како досега. Во моментов сме фокусирани на РДФ отпад, а потоа ќе се насочине кон медицинскиот отпад на бугарска територија. Од странство не влегувал, ниту ќе дозволиме да влегува, вели Димитров.

February 19, 2020 14:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделик стапува во сила забраната за узвоз и извоз на гориво од отпад меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тоа е согласно забраната, која е воведена со измените во нашиот Закон за управување со отпад, кој помина во Собранието пред неговото распуштање, а со кој во нашата земја се забранува увоз на отпад, што се користи како извор на енергија.

За забраната говореше бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров, кој завчера беше во посета на земјава, каде се сретна со неговиот македонски колега Насер Нуредини.

– Ние ја затвораме Македонија за РДФ отпад, ја затвораме. Од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Северна Македонија кон Бугарија ќе поминува таков вид на отпад. За секундарни суровини за рециклирачката индустрија работите ќе се одвиваат како досега. Во моментов сме фокусирани на РДФ отпад, а потоа ќе се насочине кон медицинскиот отпад на бугарска територија. Од странство не влегувал, ниту ќе дозволиме да влегува, вели Димитров.

Бугарскиот министер во обраќање на четвртата годишна конференција на Бугарската асоцијација за рециклирање истакна дека изминатитве пет години Бугарија го надмина просекот на ЕУ во однос на темпото на зголемување на рециклирањето на комуналниот отпад.

– Шеесет и пет проценти од она што е на депониите, треба да го рециклираме. Не да се гори, туку да се рециклира. Дваесет и пет отсто треба да изгориме и десет отсто да депонираме. А ние депонираме 90 отсто и ги полниме депониите, а десет отсто рециклираме. И поради тоа е целиот проблем, рече бугарскиот министер на конференцијата, на која учествуаат експерти, компании од секторот за рециклирање од земјата и странство и претставници на Европската комисија и на бугарски државни интитуции.

Димитров, кој во понеделникот беше во посета на Северна Македонија, изрази подготвеност за соработка со земјава во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки со РДФ отпад од бугарска територија во нашата држава.

– На средбата со министерот Насер Нуредини и дел од раководниот тим на Министерството, присуствуваше и директорот на Царинската управа на РСМ, Ѓоко Танасоски. Разговорот беше фокусиран на начинот на воспоставување и отпочнување со работа на Заедничката комисија за соработка во повеќе прашања од интерес за заштитата на животната средина. Како приоритет се поставија актуелните прашања поврзани со прекуграничната контрола на отпадот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Димитров нагласи дека скорешните случувања и откритија на сомнителни меѓународни движења на пратки со отпад во Бугарија, се случаи кои претставуваат незаконски активности на поединечни лица и не ја доведуваат во прашање меѓудржавната соработка помеѓу двете земји.

Next Post

Заев: Колку банкарски сметки поседува ВМРО-ДПМНЕ и дали позајмените 8 милиони евра воопшто легнале на нивна сметка?

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk