ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Финансиската полиција и обвинителството ја следат трагата на унгарските пари во македонските медиуми

Финансиската полиција го известила Јавното обвинителство дека парите во македонските компании на Петар Шац, инаку сопственик на телевизија Алфа, се со неутврдено потекло, па дури и инсистира на замрзнување на сметките на фирмите на Шац. Во Јавното обвинителство знаат за случајот со црните унгарски пари. Сега, Јавното обвинителство е на потег. Што ќе преземат македонските обвинители за да се открие и да има судска завршница овој милионски мега скандал со корупција во медиумите и сериозен атак на македонските национални интереси. Дали конечно ќе се замрзнат сметките на Шац?

March 7, 2020 13:04
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

Македонската финансиска полиција го истражува досието со црните пари од Унгарија со кои се финансирале медиуми во Скопје. Сомнежите се дека нелегалните пари се обезбедуваат преку кривичното дело „перење пари“, а се отвара и сомнежот дека тие се од унгарските државни фондови за финансирање на медиуми.

Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, вели дека истрагата е во тек и дека се во координација со финансиското разузнавање кое што е во комуникација со службите во Словенија, со цел целосно да ја откријат трагата на парите, за да се утврди од каде се обезбедуваат и како стигаат до македонските медиуми.

За таа цел, финансиската полиција го известила Јавното обвинителство дека парите во македонските компании на Петар Шац, инаку сопственик на телевизија Алфа, се со неутврдено потекло, па дури и инсистира на замрзнување на сметките на фирмите на Шац. Во Јавното обвинителство знаат за случајот со црните унгарски пари. Сега, Јавното обвинителство е на потег. Што ќе преземат македонските обвинители за да се открие и да има судска завршница овој милионски мега скандал со корупција во медиумите и сериозен атак на македонските национални интереси. Дали конечно ќе се замрзнат сметките на Шац?

За овој случај во Словенија се водат истраги веќе две години затоа што истиот, Петар Шац и таму поседува медиуми во кои завршуваат сомнителни пари од Будимпешта. Во Скопје пак, целиот случај се истражува преку реклами на медиумите за производи кои воопшто ги нема на пазарот.  Рекламите кои се предмет на истрагата се појавуваат на ТВ Алфа, како и на веб страницата Рипост. И двата медиуми, од 2017 година се на Шац, период кога унгарските пари започнуваат со узурпација на медиумите. Целта била да се поддржи Никола Груевски, сојузникот на Орбан.

ИРЛ објави дека Финансиската полиција има откриено фактури испратени од Рипост до Алфа во износ од 440.000 евра. Претходно, новинарите во Словенија обелоденија дека речиси три милиони евра биле пренесени во македонските медиуми и покрај Алфа ги споменуваат порталите Лидер, Курир и Нетпрес.

Дополнително, ИРЛ објави дека влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни трансакции за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.

Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓаат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија, парите пристигнуваат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб страница што продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании што се простор за реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија што, самото по себе, ја доведува во прашање целта на трансакциите.

Во двете земји се купуваат весници, веб страници, радија и телевизии. Во Македонија, сите овие медиуми му даваа силна поддршка на Никола Груевски, а во Словенија тој човек беше Јанез Јанша. Тие го поддржуваат Никола Груевски во Македонија и Јанез Јанша во Словенија, а тие, пак, важат за пријатели на Виктор Орбан во Унгарија. И двајцата политичари се популисти, десно ориентирани, како и унгарскиот лидер, нагласувајќи ја наводната закана од мигранти и остро го напаѓаат унгарско-американскиот филантроп, роден во Унгарија, Џорџ Сорос.

FRONTLINE.MK

Tags: Виктор ОрбанИРЛЈавно обвинителствоЈанез ЈаншакорупцијаКурирЛидерНетпресНецензурираноНикола ГруевскиПетер ШацРепубликаскандалТВ АлфаФинансиска полицијаЏорџ Сорос
Next Post

Растот на БДП потврда за реализрана исклучително позитивна година во економијата

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk