Во редовната прес конференција, втора за денес на министерот Филипче, тој накратко соопшти дека и тестот кој го правел лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев за корона вирус е негативен.
Откако се прошири веста дека новинар на Канал 5 кој ги интервјуирал Заев и Мицкоски минатата недела е позитивен на корона вирус, лидерите на двете најголеми партии во земјата, заради своите постојани ангажмани, биле тестирани, иако не покажувале симптоми.
Министерот објасни дека е поинаков случајот бидејќи и Заев и Мицкоски се во постојан контакт со луѓе заради нивните ангажмани, па затоа спровеле тестирање.
Пред да премине на новинарските прашања, министерот повика уште еднаш на смиреност, посебно викендов, со оглед на тоа дека стапи на сила мерката за полициски час од петок во 16,00 часот до понеделник до 5,00 часот.