ВО редовната прес конференција, втора за денес на министерот Филипче, тој накратко соопшти дека и тестот кој го правел лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев за корона вирус е негативен.
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од корона вирусот КОВИД–19.
ДЕНЕС во 21,00 часот, експерти од Универзитетската клинка за психијатрија во живо ќе дискутираат и ќе даваат совети и мислења за начини за справување со стресот и прилагодување на новонастанатата ситуација.
ДЕНЕС во општина Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на лица инфицирани со корона вирусот, со што вкупниот број се искачи на 50. Во самоизолација се наоѓаат 159 лица. Изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.
Со ОРГАНИЗИРАН лет денеска вкупно 160 македонски граѓани се враќаат во земјава од Брисел и Париз
ВО семејството на новинарот кој е позитивен на корона вирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската фамилија, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.
ЕУ смета дека во земјите членки, но и во други места, координираната дезинформациска порака има цел да ги претстави ранливите малцинства како причина за појавата на пандемијата и да се поттикне недоверба во способноста на демократските институции ефективно да се справат со кризата.
Во ФРАНЦИЈА досега се регистрирани 12.210 смртни случаи на Ковид-19, а уште 30.000 лица се наоѓаат на болничко лекување, јави дописникот на МИА.
САЛИТЕ во болницата Ројал Бурнмаут во Дорсет, Англија, ги добија имињата според куќите од училиштето за волшебници од франшизата Хари Потер, Грифиндор, Слитерин, Хафлпаф и Рејвенкло.
СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.626.096 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 97.331, а оздравеле 366.499 луѓе.
ПОРАНЕШНИОТ играч на Реал и Баерн, Ариен Робен откри дека неговата сопруга Бернадијан била болна од КОВИД-19, што било многу стресно.