Потврдени нови 53 случаи на Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 од нив се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а 19 од се лекувале во домашни услови.
Шекеринска: Џабе се сите препораки, ако не се почитуваат. „Денеска ништо не е исто. Ништо што било однесување и навики, потреби не можат да се практикуваат како порано. Сметавме дека самите верски заедници ќе донесат препораки и мерки водејќи се од уставните начела за слободата на вероисповедта. МПЦ издаде соопштение со кое ги повика верниците дома да ги поминат празниците За жал еден дел од црквите не го применуваа тоа правило. Затоа бевме загрижени… Папата ги држеше службите сам. Џабе се сите препораки, ако не се почитуваат. За 8 март не се почитуваа препораките и ги видовме последиците“, објасни Шекеринска.
Кумановскиот кризен штаб бара 14-дневен контролиран карантин и воведување кризна состојба.
Спасовски: Институциите во Кумановo имаат посебна одговорност и мора стриктно да се почитуваат мерките на Владата.
„Владата подеднакво се однесуваше и применуваше соодветни мерки во сите општини. Имаме намалување на тенденцијата на заболени, но тоа не треба да не опушти. Институциите во Куманово имаат посебна одговорност и мора да се воспостави контрола, стриктно почитување на мерките и одлуките што ги носи Владата.
На владина седница ќе се разговара за можен карантин за Куманово.
Ангеловска: До 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 отсто.
Во Дебар нема новозаразени, мерките и препораките строго се почитуваат.
Османи: Тетово може да претставува ново жариште на Ковид-19. Верувам ќе биде мерка за спречување на ширење на болеста, односно Тетово, во контекст со Куманово и Прилеп ќе треба да се сметат како три критични зони, рече Османи.
– Значи 20 случаи се во Тетово, 18 во Боговиње, пет во Теарце, шест во Брвеница, по еден во Желино и Јегуновце. Има четири починати и двајца лекувани, повеќето од нив се над 60 години. Има еден случај со бебе од пет месеци, другите се лекуваат и им се вршат дополнителни проверки. Последниот случај, е случајот во Боговиње, со заразувње на матичниот лекар, кој резултираше позитвен на КОВИД-19. Но, притоа институции итно реагирале и ги идентификувале сите пациенти кој што имале контакт со тој лекар и се поставени во самоизолација, односно 156 лица во следните 14 дена ќе бидат мониторирани, истакна Османи.
Во штипскиот регион два дена нема позитивни на Ковид-19, вкупно излекувани седум пациенти.
По 1-ви мај се планира олеснување на рестриктивните мерки.
Османи: Стигнува донација од Кина со над пет илјади тестови за КОВИД-19. Над пет илјади тестови за КОВИД-19 и десетици илјади маски Н95 и заштитни материјали се донацијата од Кина за Северна Македонија, која вчера тргна од Шангај, па преку Истанбул, денеска треба да стигне во Скопје.
Скопските градоначалници со поддршка на полициските служби за време на полицискиот час.
Народна банка: Субвенциите за тутун веќе се на банкарските сметки на корисниците.
Во Шпанија над 20 илјади починати од Ковид-19.