ЧЛЕНОВИТЕ на Кризниот штаб, утрово побарале одговорност од министерот Наќе Чулев поради непостапување за спроведување на мерките за заштита од коронавирусот – пренесува „А1он“.
КОСТАДИНОВ: Веднаш по нормализација на состојбата со корона вирусот треба да се оди на избори.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Оливер Спасовски со видео порака упати честитка по повод 5 мај – Ден на македонскиот јазик.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев упати видео честитка по повод денот на македонскиот јазик, 5 мај.
СОВЕТНИКОТ на премиерот Спасовски, Фатмир Битиќи на прес конференција од медиа центарот во Владата во своето излагање ги опфати сите досега преземени мерки од Владата.
ФИЛИПЧЕ: Скрининг тестирање на критичните категории од наредна недела.
МИНИСТЕРСТВО за здравство: Спроведени 185 тестови за корона вирус во последните 24 часа, има 21 оздравен пациент и 8 нови заболени.
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска на прес конференција информираше дека во периодот од 27 април до 3 мај инспекциските служби извршиле 3.086 надзори.
ФОТО вест: Што би им отпеал Делчев денес на бугарите.
НА средбата која денеска ја имаше премиерот Оливер Спасовски со Томас Герберих, амбасадор на Германија кој го завршува својот мандат во нашата држава, поздравени се историските исчекори на земјава во демократските процеси, добрососедските односи, членството во НАТО и отворените европски перспективи со одлуката на ЕУ за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на скопската општина Карпош, Стефан Богоев заедно со членови на општината и невладини организации денес разделија заштитни маски за повеќекратна употреба во поруралните делови на општина Карпош, како Злокуќани, Нерези и Бардовци.
И.Ежова