ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Мицкоски соработувал со Кичеец, ОЈО отвори предмет за Литијата во Струга, епидемиската крива бележи пад од 15 април

Блок вести во 15 часот.

May 8, 2020 13:49
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски, иако негираше, сепак имал тесна соработка со Кичеец (Нови аудио бомби). Четири нови тонски снимки се објавени на кои се слушаат разговори од состанок меѓу Мицкоски, Кичеец и женска личност.

Филипче: Епидемиската крива бележи пад од 15 април, 68.7% се водат како оздравени испишани од болница или се со два негативни теста.

Мицкоски на сите прозивки во јавноста категорично негираше дека имал средби со Кичеец. Тој во интервју велеше дека  сам ќе се пријави во истражниот затвор во Шутка доколку постојат докази за негови инкриминирачки активности.

Влада: Настанот во Струга и прославата за Денот на полицијата се закана за здравјето на сите граѓани, институциите итно да ги лоцираат и казнат одговорните.

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга.

Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното, се наведува во соопштението.

ИВЗ: Џамиите се отвораат на 12 мај.

„На вонредниот состанок одржан на 7.5.2020 донесена е одлука од 12 мај 2020, вторник, џамиите да се отворат за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски. Одлуката стапува во сила веднаш“, се вели во соопштението.

Костадинов: Чулев свесно го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните, да поднесе оставка.

Спасовски: Се работи на нови протоколи за отворање на градинкитe. Јас сметам дека преку добро изградени протоколи, за однесување, што треба да се преземе од аспект на здравјето и на децата и на вработените во градинките и за спречување на ширење на коронавирусот, децата ќе можат да се вратат во градинките врз основа на тие протоколи. Меѓутоа за тоа Владата ќе донесе одлуки, а важно е да има верба кај граѓаните, вели Спасовски.

Од 15 април се бележи пад на бројот на заболени од Ковид-19. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави нова статистичка анализа за состојбата со Ковид-19 заклучно со 5 мај, кога во земјава беа регистрирани 1.539 случаи.

Вкупно 8.700 граѓани го донирале повратот на ДДВ за справување со корона вирусот.

Општина Прилеп: Опозицијата наместо да ги поздрави градежните активности, се повикува на нивен промашен проект.

Јанева: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“.

Поделена помош на 100 ромски семејства во Виница.

Макрон, Саркози и Оланд сами под Триумфална за годишнината на победата над фашизмот.

Годината кога се одбележува 75-годишнината од победата над нацизмот, за првпат традиционалната церемонија под „Триумфалната порта“ се одвиваше без традиционалното искачување на Елисејските полиња и преглед на трупите.

И.Т.Зафировска

Next Post

Кичеец ја потврди автентичноста на снимките, со Мицкоски имал повеќе состаноци

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk