Граѓанскиот активист Ненад Јовановиќ денес на својот фејсбук профил упати апел до премиерот Зоран Заев да не им попушта на политичарите од опозиската ВМРО-ДМПНЕ, бидејќи, како што вели тој, државата
и граќаните не смеат да бидат жртви и заложници на еден конфузен и безидеен политичар.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ не одат на избори, што по се’ изгледа дека е извесно, за потоа, многу предвидливо – ќе го обвинат Заев дека немале фер изборна кампања, а иако и самите се свесни за бројките, ќе ги повикуваат странците во поддршка на начин дека во земјата владее “хибрид”, “неуставност” или не знам што. Со самото нивно неучество во Собранието ќе се претставуваат себе за репресирани. Ќе изигруваат жртви, ќе плачат и пелтечат, типично за сите безумни политичари.
Главните кочничари кои мора да бидат дел од системот – затоа што оваа земја според Устав е парламентарна демократија, што значи дека мора да бидат дел од законодавната власт – ќе се преставуваат себе за жртви само како би успеале да добијат внимание од странците, а со тоа да се надеваат на некоја нова институционална криза.
Имам еден апел до Заев – да не им попушта! Не може оваа земја прво, да биде без функционален парламент, и второ, ние не смееме да бидеме без функционални институции. Да потсетиме, оваа земја во социјална и психолошка смисла не е иста земја пред, за и “после корона”.
Ако мнозинството од политички партии на чело со СДСМ се за 21 јуни, тогаш одиме на 21 јуни.
Не може земјата и сите нејзини граѓани да бидат жртви и заложници на еден конфузен и безидеен политичар. Тоа е неодговорно. Бласфемично. И длабоко навредливо. Што е сега, ќе го породуваме новиот Груевски персонифициран во Мицкоски?! Ако тој беше паметен политичар, нека се врати во непосредното минато и види колку пати Заев изгуби за да го добие Груевски. Во поразите, паметен политичар, ја билда својата снага.“
Стисни ги, Зоране, мака да си немаш! Ако е 21 јуни, тогаш е 21 јуни. И молим лепо! -вели Јовановиќ.