ШАХПАСКА од СДСМ: Навремените реакции и соодветниот системски пристап направи епидемијата да биде ставена под контрола. Денес сите ние сме благодарни на сиот труд и пожртвуваност на нашите здравствени работници кои несебично се вложија изминатиот период. Им оддаваме и јавни признание на граѓаните, на мнозинството граѓани кои ги почитуваа мерките и допринесоа со своите постапки.
ФИЛИПЧЕ: Првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент Иван Огњановски.
Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.
ИМЕТО на донорот на срцето со кое се испиша историја во македонското здравство е Емилија Динева, која прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа.
МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски Горан Сугарески истакнува дека оваа Владата предводена од СДСМ и коалицијата, за 30 месеци само во Општина Прилеп, плански спроведува, реализира и инвестира во серија инфраструктурни објекти кои драстично го менуваат квалитетот на животот на граѓаните на Прилеп и регионот на подобро.
СПОРЕД Заев, сѐ што може да се направи на планот околу договор е до 30 мај, и доколку нема нова вонредна состојба, од 31 мај почнуваат да течат 22 преостанати денови од изборните рокови за да се одржат изборите на 21 јуни.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, преку видео обраќање упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.
ДЕТСКОТО ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која годинава се одржува само еден ден и без присуство на деца од светот.
МИНИСТЕРОТ за земјоделство Трајан Димковски: Вонредната состојба во државата, и воопшто пандемијата со коронавирусот на светско ниво, поволно се одразуваат врз оризопроизводството, односно врз откупните цени, поради што земјоделците можат да бидат задоволни.
ДЕНИС Јанкуловски: Расказ „Неизмерна среќа“ во три дела.
На ДЕНЕШНАТА седница во Сараево, Централната изборна комисија на БиХ донесе одлука дека годинашните локални избори ќе се одржат на 15 ноември, наместо на 4 октомври.
КОСКИ на повеќе од 60 мамути се пронајдени на градилиште за време на работата на новиот аеродром „Фелипе Анхелес“ во Мексико Сити, соопшти Националниот институт за антропологија и историја.
ПРОТИВ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе почне судски процес за корупција, само една недела откако неговата Влада положи заклетва.
МОСКОВСКАТА полиција го уапси непознатиот маж кој во зградата на „Алфа Банка“ во центарот на рускиот главен град држеше како заложници повеќе од пет лица. Во инцидентот немало жртви, објавија руските медиуми.
НА местото каде што вчера се урна пакистанскиот патнички авион „Ербас“ е пронајдена црната кутија, соопшти денеска претставникот на авиокомпанијата „Пакистан интернешнал ерлајнс“, Абдулах Кан.
ЦИКЛОНОТ Амфан што ја погоди државата Западен Бенгал во источна Индија оваа недела предизвика штета од 13 милијарди американски долари на инфраструктурата и земјоделските култури, соопштија државните власти.
А. Н. Стојчевски