ЕВРОКОМЕСАРОТ за буџет и администрација Јоханес Хан изјави дека Западен Балкан и припаѓа на Европа и напорите на земјите од тој регион ќе бидат наградени. Хан потсети дека минатиот месец ЕУ одлучи да отвори пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај кризата поради пандемијата на коронавирусот.
НА целата територија на државата и денеска е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот, а со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19.
ВО пост-ковид фазата клучни ќе бидат зелените инвестиции, вели Александар Ивановски член на советодавното тело на Европската Комисија како независен експерт за даночни политики.
ИСТРАЖУВАЊЕТО што го објави „Детектор“, а го изработи Институтот за политички истражувања Скопје, покажува дека ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање се изјасниле дека ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните, додека 19 отсто велат дека нема да се појават пред гласачките кутии.
ДЕНОТ на младоста беше еден од најголемите празници во СФРЈ, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година. Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград.
БРОЈОТ на новозаболени од корона вирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.
ВО Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот за јавно здравје на земјата.
ВО Косово вчера не е регистриран ниту еден нов случај на заразен од новиот коронавирус по извршените 138 тестирања, додека истиот ден се потврдени четири случаи на лица кои ја пребродиле болеста и ниту еден починат.
ИЗРАЗУВАМ сочуство на семејството, но сакам и да им кажам дека срцето на нивната драга чука и дека во суштина сѐ уште живее“, изјави Националната Координаторка за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска.