ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

СДСМ најавува 600 милиони евра за домашни компании и странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ поголема плата за 25%

Доделивме социјална пензија незнаејќи колку тоа ќе го чини буџетот, но знаевме дека имаме граѓани кои животот го дале работејќи за државата, а сега немаат да си ги платат сметките, рече Заев.

June 30, 2020 07:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директна помош за компаниите и повисоки плати за вработените ветуваат партиите доколку победат на парламентарните избори.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека во следниот четиригодишен мандат вкупно 600 милиони евра ќе насочат кон домашните компании и странските директни инвестиции, 300 милиони ќе бидат директна буџетска поддршка, а 300 милиони евра од европските фондови, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вети поголема плата за 25 проценти и поголема пензија за 20 проценти која ќе се нивелира по стариот закон два пати годишно.

Заев, кој е носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Четвртата изборна единица нагласи дека Владата предводена од СДСМ ја подигна економијата, ги укинаа квотите за лековите, ја зголеми социјалната помош од 2.000 или 3.000 денари на 11.700 денари.

– Доделивме социјална пензија незнаејќи колку тоа ќе го чини буџетот, но знаевме дека имаме граѓани кои животот го дале работејќи за државата, а сега немаат да си ги платат сметките, рече Заев.

Тој зборуваше за покачувањето на платите за 21 отсто на просветните работници, за 31 отсто на негувателките, за наоѓањето на 1,5 милијарди денари за покачување на платите за 40 отсто, за капитацијата на матичните доктори за 15 отсто, на медицинските сестри за 25 отсто, за зголемувањето на пензиите за 1.740 денари за две и пол години.

– Следува четврт пакет на мерки за поддршка во кој сите пензионери со пензија под 15.000 денари ќе добијат државна платежна картичка и ваучер. Сите невработени, пасивни баратели на работа ќе добијат следен пакет на државна платежна картичка, сите неевидентирани невработени, најсиромашните граѓани ќе добијат државна платежна картичка за да ги потрошат парите, да решат некој проблем дома но и да поддржат и туризам и угостителство и да купуваат домашни производи и услуги, додаде Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски вети 1.000 километри реконструирани патишта, субвенции за фасади, како и бесплатен приклучок на гас за почист воздух, четири милијарди евра домашни и странски инвестиции.

Тој рече дека невработеноста ќе биде под 10 проценти и ќе има најнизок данок од осум проценти, како и нула проценти данок за работодавците кои ќе вработат млади лица.

– Го укинуваме прогресивниот се враќаме на стариот рамен данок, а од оние три денари акциза кои ви ги земаат за да си ги делат преку сомнителни тендери, ќе ги поделиме и ќе ги вратиме назад кон народот, рече Мицкоски.

Тој вети од овие средства по 800 милиони денари за спортот, културата, образованието или вкупно 2, 4 милијарди денари за овие сектори, а за земјоделците 640 милиони евра и загарантиран откуп.

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи пак порача дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

– Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата, истакна Тачи.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села истакна дека државата досега била еднострана, така што, според него, време е да се создаде држава за сите, каде што сите ќе се чувствуваат еднакви.

– Ние се соочуваме со ситуација што доаѓа еднаш на четири години и затоа треба да се зборува за тоа. Има многу партиски функционери кои доаѓаат и се обидуваат да ја загрозат политичката волја на граѓаните, волјата што тие сакаат да ја изразат. Денот на гласањето е ваша симболика, тие „пет минути“ кога чекориш кон гласачката кутија. Во седум часот наутро, лидерите на партиите, да немате дилеми, не вредат ни нула. Бидејќи политичката моќ се мери во девет часот навечер и ние ќе бидеме толку силни колку вие ќе ни дадете политичка моќ, еден по еден со еден глас, истакна Села, претставувајќи ги целите на програмата „Држава за сите“ на коалицијата „Сега е време“.

Повика исто така да не биде исклучен ниту еден Албанец, туку сите заедно да разговараат меѓусебно за политичката понуда што ја нудат Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери смета дека предрасудата дека Албанец како приоритет ќе ги има правата на Албанците е дежавуирана теза, бидејќи, како што вели, многу од тие прашања се апсорбирани.

Јас сум сведок дека многу од прашањата кои ние тогаш ги покренувавме сега веќе се апсорбирани. И оттука предрасудата дека Албанец може како приоритет во примената на политиката да ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи многу, да не речам 99 отсто од тие прашања, се апсорбирани. На нас ни треба, да, Албанец, но не Албанец кој ќе се грижи само за Албанците, туку, пред сè, за земјата, пред сè, за државата зошто ако тезата е обратна, со право македонскиот граѓанин, значи од македонскиот народ, од македонскиот етникум може да има не само резерва, туку и одбојност кон таквата идеја, вели Зибери.

Тој истакнува дека идејата е да се наметнеме и докажеме и пред светот и внатре, дека сме способни без оглед на припадноста, успешно без конфликти да ја водиме земјата, да ги надминеме овие поларизации и да се сплотиме во едно.

-Не да го губиме идентитетот како политички субјекти, па ако сакате и како етникуми, туку да се сплотиме во државниот интерес кој треба да биде над сите останати што ги спомнуваме до сега. Ако ова ни е водилката во градењето на политиката, мислам дека е правата насока. Мислам дека и Албанците треба да го прифатат, како што треба да го прифати и секој граѓанин и секој Македонец и секој Србин, Турчин, Влав, Ром, Бошњак итн, истакнува Зибери.

Партиите денеска продолжуваат со претставување на нивната програма пред граѓаните./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk