БРИФИНГ на министерот Маричиќ со новинари:
- ЌЕ испратиме ново барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски.
- ОТВОРЕНИТЕ листи на локалните избори ќе бидат тест за парламентарните.
- ДО крај на годината закон за попис, за да може да се одржи во април 2021 година.
ПРЕС-конференција на вицепремиерот Николовски:
- СЕКОЈ од нас е дојден за плата, кратење на бенефициите и привилегиите на функционерите,
- РАЗВИВАМЕ системска алатка за следење на парите и капиталот на функционерите за да се спречи незаконско зголемување на имотот.
- РЕДЕФИНИРАЊЕ на етичкиот кодекс на однесување на министрите и функционерите.
- НОВАТА Влада отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата.
„ЏАСТ Секјурити“: Владата на С. Македонија заслужува признание за амбициозната и добро осмислена програма за реинтеграција на повратниците од ИД
Само ДУРЛОВСКИ фигурира како независен пратеник во Собранието, формирани се пратеничките групи.
ЗАЕВ: Градиме демократски институции и вредности, постојано и внимателно, низ славења и премрежја.
Во ОСНОВНИТЕ училишта во ЕУ има 13,6 ученици на еден наставник, кај нас 15
ПОЗИТИВНО на Ковид-19 дете во скопска градинка, во изолација групата во која оди
УТРОВО, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје.
ПОЛИЦИЈАТА ќе им укажува на угостителите за почитување на одлуките за заштита од ширење на „Kовид-19“
ДЕНЕСКА во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 11 лица.
ШИЛЕГОВ: Создаден е списокот на улици, во добар дел оние имиња кои беа традиционални познати на Скопје ќе ги вратиме, или моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците.
РЕКОНСТРУКЦИЈА и велосипедски патеки на булеварот „8 Септември“ во Скопје.
По КРАТКО боледување почина писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски.
НУК: На угостителите кои не работат мора да им се подаде рака, препораките доставени до Владата.
ПЕНДАРОВСКИ учествува на 75. сесија на Генералното собрание на ОН.
Ј. Ѓ.