Медицинска сестра Дијана Димоска (48), работно ангажирана во Интерното одделение во Општата болница во Охрид, ја загуби битката со коронавирусот Ковид 19.
Димоска својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот за уво грло и нос, работеше во невропсхијатрискиот оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести, информираат од Општата болница Охрид. Колективот од сојата вработена, која беше исклучително почитувана и сакана како од колегите, така и од пациентите, се прости на официјалната страна на Фејсбук.
Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас.
Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените.
Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања.
Со длабока почит,
Вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид.