ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Политичката паланка против Зоран Заев, нема карантин во Прилеп, Филипче најави уште четири модуларни болници, еден ден ќе бидеме вистински пријатели…

November 28, 2020 18:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката паланка против Зоран Заев – Еден ден, некој ќе дојде пред портите на умот и силно ќе затропа со дршката од остриот меч на вистината. Во ерата на пост-вистината, политичарите веќе одамна не се потпираат на аргументи, туку на манипулации и провокации на емоциите кај луѓето. – прочитајте ја најновата ФРОНТ колумна на Џабир Дерала.

Заев: Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори. Корењата, историјата на мојот народ и на мојот македонски јазик, се исто мое суверено право и право на самоопределување, напиша премиерот Зоран Заев на профилите на социјланите мрежи.

Шекеринска: Ќе направиме сè за да најде решение, но никако на сметка на црвените линии. 

Нема карантин во Прилеп, Филипче најави уште четири модуларни болници до крајот на годината. Заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила, рече Филипче.

МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Обновен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид. Во текот на вчерашниот ден беше уништен, а таквиот чин го осудија и македонското Министерство за надворшени работи и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Шекеринска: Над 20 % од буџетот за одбрана наменети за опремување и модернизација. Таа кажа дека со буџетот за 2021 година ќе го продолжиме процесот на опремување и модернизација на Армијата, за што се обезбедени 38 посто повеќе средства отколку во буџетот за 2020 година.

Нови трактори за 540 земјоделци преку програмата за рурален развој. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој.

Филипче: Мерките мора да се почитуваат, воопшто не ги оправдувам мешаниците во моловите. Министерот за здравство, Венко Филипче воопшто не го оправдува тоа што се случува пред Сити мол со турканиците, но конкретно не одговори дали треба да се вклучи Армијата за правење ред. Припадниците се вклучени пред здравствените институции и има ефект.

Шекеринска: Единствените кои немаат право да ни говорат е партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот.

Се јави Бранко за да продолжи кампањата на омраза, страв и насилство, се јави затоа што го мрази Заев со силина на ракета, пишува Ненад Јовановиќ.

Николовски: Оваа генерација политичари има одговорност да ја внесе државата во структурите за коишто се бориме со децении. И се гордеам што сум дел од таа генерација на политичари коишто направија се да се остварат стратешките цели на оваа држава, а тоа се членството во НАТО и членството во ЕУ, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Армијата со 195 припадници вклучена во обезбедување на болниците низ државата. Освен во Скопје, припадници на Армијата се распоредени и во центрите кои згрижуваат ковид пациенти во Дебар, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Куманово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Велес, Кичево…

Мицотакис: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна и незадолжителна. Мицотакис денеска е во Солун, каде што остварува средби во болниците што се под притисок поради големиот број заразени со Ковид-19, но истакна дека и покрај притисокот, националниот систем издржува.

Кардула: Постерите продадени, парите префрлени на сметката на Ангел. Кардула утрово објави дека ги донира постерите, а целта е хумантирана.

СДСМ: Да се грижеше опозицијата, немаше да ги поттикнува граѓаните на непочитување на мерките. Барањето оставки и со соопштенија и со протести, само ја нагласува пустата желба на ДПМНЕ за гола власт, иако пред само четири месеци, граѓаните на демократски и безбедни избори ги оставија во опозиција.

Хоџиќ: Еден ден ќе бидеме вистински пријатели, со европска сегашност и иднина. Еден ден ќе можеме на нашите кабловски да гледаме и други бугарски телевизии, не само овие со турбофолк. Има таму многу попристојни програми. Еден ден….пишува Џељо Хоџиќ.

Николов: Ќе се посветам целосно на заштитата на јавното здравје, помош на сите, создавање квалитетни услови за живот и работа за сите. Во соработката со Здружението на слепи лица продолжува договорот за ослободување од наплата за водоснабдување. Никој не е сам! – изјави д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на Штип.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk