Зе три години се инвестираа милијарда евра во изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта, мостови, свлечишта, вијадукти, подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во државата, а денес, во овој момент инвестираме преку 840 илјади евра во изградба на патна инфраструктура или околу 400 километри патишта.“- потенцираше министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски.
Преку 60 милиони евра инвестиравме во железничката пруга кон Бигарија, Станува збор за многу комплексна пруга, железница, посебно источниот крак којшто веќе делумно е започнат да се работи, а поделен е во три фази.
Министерство за економија подготвува Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија. Со Закон за стратешки инвестиции ќе се забрзуваат големите проекти во енергетиката.
Со симболична поворка, без концерти и друга организација ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски.
Во изборот на „Globe Soccer Awards“, Гвардиола најдобар тренер на 21. век, Флик во 2020 година. Гвардиола во перидот за кој ја доби наградата има работено и со Барселона и Баерн Минхен во текот на неговата кариера.
Веднаш откако фармацевтските компании по одобрувањето на вакцината против Коовид-19 почнаа со првите испораки ширум светот, вакцината ја примија многу лекари, епидемиолози и политичари.
Директорката на Европол, Катерина Де Бол денеска предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против Ковид-19.
Папата Франциск денеска ја одбележа претстојната 2021 година како година посветена на семејството и повика да се обрне внимание на содржината на неговиот, според некои, контроверзен документ од 2016 година, што се однесува на семејниот живот.
Во последното деноноќие во Албанија забележан е раст на новозаразени со Ковид-19, а починале 10 пациенти од 55 до 80-годишна возраст, меѓу нив и доктор невролог Сали Бачо.
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.
Ј. Ѓ.