Заев:
Колку се чуваат корупциски или било какви предмети во фиоки, ќе видиме со прочистувањето. Судскиот совет и Советот на обвинители, на транспарентен и ефикасен начин очекувам да ги завршат сите овие проверки и прочистување во правосудството за да може да се среди правосудниот систем во државата, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање од пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ околу договорот со фирмата „Леонардо“.
Народните херои ги убил фашист, а не цели народи. Очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик, а опозицијата да не печали лични поени на штета на европската иднина, рече премиерот, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања.
Со Бугарија ја биев европската битка заради европска иднина на нашиот народ. . Ако зборуваме со зборови на внимателност и пријателство можеме да им обезбедиме иднина на граѓаните. Денеска сме членка на НАТО како Македонци што зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме и членка на ЕУ како Македонци што зборуваат македонски јазик, порача денеска премиерот Зоран Заев.
Со учеството во гасниот терминал „Александрополис“ директно инвестираме во Грција. Доживеавме нашата земја да инвестира во Грција, во гасниот терминал во „Александрополис“. Инвестиција која ќе биде околу 6,5 – 7,5 милиони евра и ќе имаме 10 отсто учество, најави Заев. Тој појасни дека Грција веќе има 25 отсто учество, учествува и Бугарија, а една американска и една грчка компанија се останатоте партнери.
Филипче: Можен е мини пик ако не се почитуваат препораките. Болниците се полупразни. Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Нема да го смениме системот на реорганизација на јавно здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин“, кажа министерот по предавањето на донацијата од Германската амбасада во Поликлината во Шуто Оризари.
Филиповска-Грашкоска: Намален бројот на издадени решенија за изолација, за 50 % зголемен бројот на привремено санкционирани објекти.
Царовска: Реформите се итно потребни, концепцијата е современ систем на образование. Поразителни се фактите според кои сме на дното на листите на меѓунарпдни анализи, рече Царовска, како пример посочувајќи дека само 40 отсто од нашите второодделенци читаат со разбирање или решаваат математички задачи со текстуален дел. Таа најави дека во 2021 ќе има пилот-национално тестирање за да добиеме и своја анализа.
Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ГА-МА. По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.