ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Нови избори би значеле изневерување на граѓаните, рече Заев, големи се очекувањата од португалското претседателство околу преговарачката рамка за Северна Македонија

January 5, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во октомври 2019 година поднесов оставка, на барање на опозицијата, по француското ‘не’ за почеток на преговорите. Во меѓувреме, добивме одлука за старт на преговорите со ЕУ, а граѓаните ми дадоа доверба за уште еден мандат, така што нови избори би значеле изневерување на граѓаните. Нема да поднесам оставка, а и нема логика дасе организираат нови избори што би завршиле исто како и неодамнешните, рече Заев.

Премиерот Заев во Дневникот на Сител вели дека Владата има најава дека од Кина уште во текот на овој месец може да бидат испорачани 200.000 вакцини.

Се гради стратегија за продолжување на разговорите со Бугарија, големи се очекувањата од португалското претседателство. Во првичните контакти што ги имале со португалското претседателство, била искажана сериозна намера да се продолжи процесот за проширување што остана од германското претседавање со Унијата.

Владата го објави списокот на компании кои примиле државна помош, а не исплатиле ноемвриска плата. Најмногу се фирми од Скопје, Тетово и Гостивар. Вработуваат од 1 до пет лица, но има и такви кои имаат и по педесетина. Сите ќе бидат блокирани од УЈП доколку во рок од седум дена не ги исплатат платите.

Субвенциите ќе се исплаќаат редовно. Пандемијата и наредната година нема да влијае врз нивната реализација. Средствата за оваа ставка се обезбедени. Наше е да создаваме услови за развој на агро секторот, а земјоделците спокојно да продолжат да произведуваат храна која ни е и тоа како потребна, вели директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски. Според него, Владата во изминатиот период ги подмируваше заостанатите долгови од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Бачовски истакнува дека 2020-та ја заокруживме со исплатени нешто повеќе од 4,9 милијарди денари субвенции и уште безмалку 1,9 милијарди денари поддршка за тутунот.

Учениците од четвртокот се на распуст и на настава (во клупите, пред ИТ-уредите и ТВ-екраните) ќе се вратат на 21 јануари. Уште 15 дена може да се праќаат и предлози, сугестии и забелешки за Нацрт-концепцијата за основно образование поставена на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Во наставните програми за општествени науки ќе учествуваат историчари, социолози, географичари, за оние по природни науки – математичари, хемичари, биолози, физичари, рече Царовска. Нема потреба да брзаме, имаме доволно време по пат на дебата да извлечеме најдобар модел кој ќе биде во функција на образовниот процес на учениците, додаде Царовска.

Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка се надева дека во Македонија ќе нема двојни стандарди.

Според податоците на СЗО во изминатите 24 часа во светот евидентирани се 740.221 нов случај  на коронавирус, а во истиот период починале 12.502 лица. Со тоа, вкупниот број на заразени лица се зголеми на 83,32 милиони, а починаа 1,83 милиони пациенти.

Европската агенција за лекови (ЕМА) порача дека за да се постигне целосна заштита треба да се почитува максималниот интервал од 42 дена помеѓу првата и втората доза од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

 

М.М.
Next Post

Заев: Борбата за работните места е најчовечката економска стратегија, четирите пакет мерки ги даваат резултатите

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk