ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: „Тргнете ги партиските валкани прстиња од Вевчанскиот карневал“, Попис ќе има, не прифаќаме уцени од Мицкоски, велат од СДСМ, изгласан импичмент за Трамп

January 14, 2021 12:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Попис оваа година ќе има, тоа е патриотски чин важен за развој на државата. СДСМ и парламентарното мнозинство не прифаќаат никакви уцени од страна на деструктивецот и докажан губитник Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Постои значително зајакнување на поврзаноста меѓу Северна Македонија и Грција во голем број области на политиките, но потребна е значителна работа да се направи во голем број други области што чекаат на вниманието на засегнатите страни на двете земји. стои во студијата „Проширување на соработката на повеќе нивоа помеѓу Грција и Северна Македонија во пост-Преспанското опкружување“.

ФРОНТ:

  • Даштевски „награден“ за „минатиот труд“ во рушењето на македонската демократија?!, пишува Петрит Сарачини.
  • Тргнете ги партиските валкани прстиња од Вевчанскиот карневал!, пишува Сашо Орданоски

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните иако Преспанското Езеро за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Истражување: Вакцината нуди подобра заштита за лицата кои прележале Ковид-19, Лица кои прележале Ковид-19 имаат пет месеци поголема заштита од реинфекција отколку лица кои само ја примиле вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека, а истото важи и за вакцината на „Фајзер“, соопшти англиската Национална јавна здравствена служба (PHE).

Наставниците во основните училишта до 21 јануари може да аплицираат за звање ментор, односно за напредување во кариерата што ќе им овозможи и поголем приход. За СОНК чекорот е добар, но не треба да е избрзан.

Потребна е поголема заштита за работниците кои работат од дома, а чиј број значително се зголеми по ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид -19, оценува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во најновиот извештај.

Експертскиот тим на Светска здравствена организација денеска пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, за да го истражи потеклото на пандемијата. Петр Бен Ембарек, експертото на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.

Османи во Атина на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис.

Германија ја реафирмира поддршката за преговори на ЕУ со С. Македонија, Софија бара смирување на емоциите.

Конгресот изгласа импичмент за Трамп поради „поттикнување на бунт“. Трамп забрзано паѓа по скалилата на моќта. Денеска 231 гласа беа за негово отповикување, вклучувајќи ги и гласовите на десет Републиканци, наспроти 197 кои гласаа против.

По синоќешното гласање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом на САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, повтори дека претседателот е отповикан затоа што поттикнуваше на бунт и оцени дека тоа претставува „актуелна закана за нацијата“.

Екипи на Општина Центар изминатото деноноќие со специјални возила на локации на територија
на општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Борба против корупцијата со уметност: Успешно подигање на јавната свест

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk