Мијалков се појави, ќе биде во домашен притвор и под постојан надзор, при што претходно не беше достапен за полициските и судските органи, тврдејќи дека бил во самоизолација.
Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Одговорно тврдам дека никој не преговарал со Мијалков, пресудата в петок ќе ги расчисти сите можни дилеми за тоа, вели министерот за внатрешни работи Спасовски.
Обвинителката Вилма Рускоска на прес-конференција вчера рече дека ќе размислат дали да побараат затворски притвор за Сашо Мијалков, додаде дека олеснителна околност е што тој сам се појавил.
Денес, министерот Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин Табановци, со цел да ја преземе втората донација од 8000 дози вакцини од компанијата Фајзер/Бионтек.
Директорот на Заводот Апостол Симовски вели дека критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април. Тоа значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ја презентира новата Програма за корпоративна иновативност.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел порача дека ќе започнат пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.
Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за проектот енергетска рехабилитација на студентските домови, информираа на денешната прес конференција портпаролите на Владата Арсковски и Хоџа.
Oд утре 25.02.2021 година, (четврток) почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно. М.М.