ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Коцарев е среќен што се неточни неговите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик, „Глобал“ работи два месеца по пожарот…

March 1, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Koцарев: Се радувам што се покажаа како неточни моите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик. Сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се мои лични изјави, со една единствена цел, заедно и достоинствено да ја прославиме годината на Блаже Конески“, изјави, за Канал 5 академик Коцарев откако ја разбранува јавноста, а посебно универзитетските кругови, со тврдењето за укинување на Катедрата по македонски јазик.

Рама: Албанија е подготвена да ја чека Северна Македонија за да не се одвојат двете држави во процесот на интеграција. Албанскиот премиер одговарајќи на прашање за можноста да се одвојат Скопје и Тирана сега кога Северна Македонија е блокирана од страна на Бугарија, ја потенцира својата поддршка за земјава и изрази надеж дека лидерите во Скопје и Софија „ќе покажат мудрост и ќе го надминат спорот“.

Регистрирани 234 нови случaи на Ковид 19, починати се седум лицa. Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

Тринаесет месеци како сум во скафандер, боли што не можам да помогнам повеќе. Колку и да не сакаме, мора да издржиме. Да, не е лесно. Не е лесно да не си виден со многу роднини и пријатели, не е лесно да не можеш да се гушнеш, не е лесно да не можеш да си се изнарадуваш онака како што знаеме и сакаме, како што е нормално. Но ете, ни се погоди нас к`сметот да се соочиме со оваа ситуација и мора да ја пребродиме, мора да бидеме храбри и да издржиме, пак ќе кажам, особено за постарите лица….пишува Денис Јанкуловски….

Заев: Заложбите за нулта дискриминација, градење, еднакво, праведно и правично општество ги остваруваме и преку ново законско решение.

По два месецa од пожарот, „Глобал“ повторно отворен. Половина од Градскиот пазар денеска почна со работа, како и сите продавници од приземје до четрти кат од десната страна на главниот влез кои беа помалку зафатени од пожарот. Саниран е и покривот, а до крајот на неделата очекуваме да завршат работите во делот кој беше најмногу опожарен, изјави Стојан Манев од Здружението „Обнова Глобал“, работат две третини од објектот.
Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето. Министерот за правда, во придружба со заменик – министерот за правда Агим Нухиу, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето на притворените и затворени лица во Казнено-поправената установа „К’шање“.
Жена и нејзините две деца жртви на насилство од вонбрачниот партнер. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен утрово во 07:00 часот во Полициската станица Гази Баба.
НУ Стоби годинава ќе реализира 17 проекти вредни над 10 милиони денари. Овие средства се наменети за следните проекти – Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживописот и гробницата на јужниот брод на Епископската базилика Заштитни истражувања во Теодосијанска палата – Просторија 2, Изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и презентација на античката синагога од Стоби,  Доистражување и конзервација на римскиот мозаик од источната страна на внатрешниот бедем на Стоби, Конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и римската порта во Стоби и др.

„АстраЗенека“ го продаде својот удел во „Модерна“’ за повеќе од милијарда долари. „Модерна“, чија вакцина неодамна беше одобрена за итна употреба во САД, соопшти дека очекува годинава од својата вакцина против коронавирусот да оставри приход од околу 18,4 милијарди долари.

И. Т. З. 

Next Post

Употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон во САД во следните 24 до 48 часа

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk