Заев: Прифативме уште утре во Изборниот законик да влезе гласањето со отпечаток од прст. Верувам дека во периодот што престои ќе има покомфорна атмосфера и законодавниот дом ќе биде одблокиран. Прифативме уште утре во Изборниот законик да влезе гласањето со отпечаток од прст. Со самиот Изборен законик зедовмее обврска да започнат да работат групи и да се разговара за отворени листи, како и за барањето на избори во еден изборен круг.
Пописот одложен, ќе се спроведе во септември и октомври. „Се согласивме пописот наместо сега да се одложи за наесен, апликацијата за дијаспората да биде активна до завршување на физичкиот попис. Пописот ќе се презакаже за во месец септември и прва половина октомври, додека пак изборите да бидат втората половина во октомври“, изјави Мицкоски.
Заев и Мицкоски: Попис во септември, локални избори втора половина на октомври. Упатувам порака до граѓаните дома, ова е важна статистичка операција. Сега ја имаме и најголемата опозициска партија овде. Верума со тоа ќе се согласат и албанските опозициски партии, испраќам порака до Левица, до сите граѓани да се попишат, рече Заев.
Регистрирани 303 нови ковид случаи, 41 починат – меѓу нив 22 и 34 годишни пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.
Родителите да не се плашат да ги пуштат своите деца во градинка, порача Докиќ. Гледаме дека британскиот сој навистина побрзо се шири. Тој се шири полесно заради тоа што има мутација на тој спајк-протеин. Тоа е протеин, со кој вирусот навлегува и се врзува со АЦ2 рецептори и навлегува во клетката домаќин. Но, не е само британскиот сој. Имате бразилски и уште поагресивниот јужноафрикански, објасни проф. д-р Докиќ.
Докиќ: Демантирам дека сум автор на текстот кој се шири на социјалните мрежи. Тој нагласи дека Министерството за здравство направило напори да го набави сите лекови спомнати во протоколите, да набави опрема, концентратори, да нема ниту едно легло без довод на кислород, монитори, ЕКГ апарати и се она што е потребно за лекување на ковид-пациенти.
Николовски: Со Регистарот на вистински сопственици се зајакнуваат механизмите за борбата со перење пари и финасирање на тероризам. „Со овој регистар се добива вистинска слика на сопствеништвото во бизнис секторот во државата и точно ќе се знае кое лице и во колку компании има сопственост, кои се тие компании, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде е евентуално претседател на управен одбор и друго“ , рече вицепремиерот Николовски.
Груби демантира дека се вакцинирал. Ве известуваме дека Груби не е вакциниран против Ковид-19 и неговото име не е на списокот со приоритет за вакцинација, стои во демантот од кабинетот на Груби.
Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок. Состанокот на Комисијата за заразни болести е закажан за утре заради тоа што обично бројот на случаи од резултатите од изминатиот викенд не е реален. Во текот на утрешниот ден ќе ги разгледуваме новите податоци, рече Филипче.
Вучиќ: Ќе се вакцинирам следната недела во некое од помалите места во Србија. Реков, кога ќе ја надминеме бројката од еден милион ревакцинирани, а очекувам тоа да биде в понеделник или вторник“, рече тој, пренесува Б92.
Палмер до Мицкоски: Ќе се согласиш со сè што ќе ти се каже на тет-а-тет средбата – Аха на РИБАРО.
И. Т. З.