Собранието едногласно, со гласовите на мнозинството и опозицијата, ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки. Во Собранието присуствуваа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19 облечени во скафандери, кои од посебни кабини учествуваа во работатат на законодавниот дом.
Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, објави пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.
Деновиве кога парламентот се обидува да обезбеди кворум за гласање на законите поврзани со петтиот пакет економски антикризни мерки, граѓаните вината ја насочуваат кон опозицијата и нивното неодговорно однесување. Со оглед дека некои пратеници од мнозинството се отсутни заради Ковид-19, ВМРО ДПМНЕ и Левица користат прилика да не присуствуваат на седниците и така го блокираат парламентот. Граѓаните веќе ги прочитаа Мицкоски и Апасиев.
Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Бисера и многу други и во вакви тешки услови не забораваат дека се таму за да им служат на граѓаните и да носат одлуки во нивна полза и во тешко време, напиша министерот Маричиќ.
Неспособна да одговори на секојдневното одобрување и поздравување од страна на граѓаните на проектите на Град Скопје реализирани за само 3 години, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, реагираат од Град Скопје.
Тие мислат дека Македонија е складиште на Федекс. Тие го доживуваат вирусот како божјо послание и поддршка во нивната битка за власта со помош на смртта. Тие мислат дека Македонија е Гвадалкивир, брод на кој ќе го преземат кормилото откако ќе го потопат, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси.
М. Миткоска







