ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Предлогот на Силва и Вархеј за Скопје добра основа, Софија бара гаранции, ред е да одиме на редовни парламентарни избори, вакцинацијата со засилено темпо

May 22, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За Скопје добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ кое не задира во македонските идентитетски прашања, се предлог решенијата кои вчера ги презентираа шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји. Софија, пак, бара јасни гаранции за нејзините национални интереси и за целосно спроведување на Договорот од 2017 година.

Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовни во 2024 година со цел да се даде шанса  економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа, истакна премиерот Заев во интервју за весникот „Коха“.

Бројот на новозаболени со коронавирусот во земјава се намалува, а кај граѓаните има интерес за вакцинација. Досега се вакцинирани над 200.000 граѓани, од кои 40.000 се ревакцинирани, што значи дека досега во земјава се дадени 240.000 дози на вакцини.

Бугарскиот политички врв е спремен за дијалог со Северна Македонија и истакнува дека европската перспектива на Западен Балкан се неспорен приоритет на Бугарија, но бараат гаранции дека ќе се исполнува договорот за добрососедство и начинот на кој тоа ќе се постигне. Привремениот бугарски премиер Јанев, како што рече, ја поддржува европската иднина на Република Северна Македонија и Албанија во пакет.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео обраќање вели дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината.

Коментира Иван Дургутов: Португалското претседателство со ЕУ конечно го размрда македонскиот евроинтегративен пат.

Како изгледаа предците на денешните компјутери?

Латиф Мустафа за ЦИВИЛ МЕДИА: Преку сексуалното образование до нова фаза на цивилизираност. Што е всушност сексуалното образование и дали е потребно како предмет во училиштата, кога веќе едногласно се согласуваме дека на нашето општество му треба широка дебата за образовниот систем на национално ниво?

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек.

Северна Македонија има 105 затвореници на 100 илјади жители. Во земјите од регионот најмногу затвореници на 100.000 жители имаат Црна Гора – 172, Албанија –  164 и Србија – 158. Потоа следат, Бугарија – 109, Грција – 107, Косово – 103 и Хрватска со 84 затвореници на 100 илјади жители.

Со проектот „Сега“ на бирото за проектирање БИНА (Биро за инвентивна архитектура) нашата држава ќе биде претставена на 17-то Биенале на архитектура во Венеција, што ќе се одржи од 22 мај до 21 ноември годинава.

Во спортско рекреативниот центар Матка, денеска и утре се одржува традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС, една од трите најстари манифестации во кајак на диви води во Европа.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

(ФОТО) Привршуваат градежните работи на булеварот Никола Карев во Скопје

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk