Во интервјуто дадено за хрватскиот неделник ,,Национал”, министерот за правда Бојан Маричиќ, за време на неодамнешната посета во Хрватска, ја потенцираше важноста од започнување на преговорите на нашата земја со ЕУ што е можно поскоро, затоа што граѓаните го губат ентузијазмот и довербата во Унијата.
Бугарските политичари (и владини и опозициски) продолжуваат да водат жестока и црна политичка кампања кон Македонија, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Како се наближуваат изборите во Бугарија, така црната кампања кон Македонија се интензивира. Во услови кога повеќето бугарски политичари водат таква пропагандна црна кампања со широк дијапазон стратегии – од непризнавање, негирање, расистички навреди, милитантни провокации, лажни вести и дезинформации, говор на омраза и дискриминација, до отворени територијални и историски претензии – нема никакви услови за градење на пријателски односи. Кога некој не те признава и сака да те понижи или да те снема, не може да ти биде пријател, скраја да е од ваквата Бугарија и ЕУ!- пишува ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обиди да ја манипулира јавноста во врска со воведувањето на еколошка такса за горивата со намера да создаде страв кај граѓаните и да ја поттикне нивната недоверба во институциите, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата во чие време граѓаните плаќаа гориво по рекордно високи цени, а државата се гушеше во загаденост, денес нема право да зборува ниту за цената на бензините, ниту за екологијата.
Холандскиот премиер Марк Руте денеска, по пристигнувањето на седницата на Европскиот совет во Брисел, изјави дека Унгарија, „со својот закон според кој се дискриминира ЛГБТИ заедницата, нема што повеќе да бара во Европската унија“.
Извештајот на УНЕСКО за Охридското езеро треба да се прими како силен аларм за состојбата. УНЕСКО нема да дојде тука и да ни води грижа за целиот охридски регион, туку тоа е наша обврска, на институциите, на централните, на локалните и на граѓаните. Ќе продолжиме понатаму со сите активности како што се отстанување на бесправно изградени објекти, вели Премиерот Заев.
„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври и треба само да се изгласа на пленарна седница претставува завршување на Договорите за работа со 64 години возраст и 15 години стаж за жени и мажи. Притоа, жените согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување можат на нивно барање да се пензионираат и на 62 години“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Вин-Вин на Телевизија Телма.
М. Миткоска






