ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Мицкоски пак ги „измеша лончињата“, не ги разбира основните принципи на парламентарната демократија, ќе барал оставки од Филипче и Хасани на собраниска седница

Мицкоски ќе бара оставки од Филипче и Хасани на редовна седница во Собрание... Коментар: Не е првпат Мицкоски и неговата екипа да покажат тотално непознавање на основните принципи на парламентарната демократија. Веројатно затоа што никогаш и не им било потребно таквото знаење, бидејќи не се залагаат за демократија. Доказ за тоа се 11-те години владеење од 2006 до 2016 година. Но можат барем да се потрудат да не „тресат зелени“ во јавноста. Непријатно е за гледање.

September 12, 2021 16:24
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со нова „брилијантна“ идеја. Тој на денешната прес-конференција (12 септември) најави дека на редовната седница на Собранието во вторник, ќе достави предлог за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани.

Интересно, министерот Филипче и заменикот Хасани веќе ги депонираа своите оставки на функциите онаму каде што ги добија – кај премиерот Зоран Заев. Но Мицкоски, кој е „машинец“, па веројатно бил поучен од својата советничка екипа од правни „експерти“, поинаку ги разбира и толкува работите.

„Даваме рок до вторник рано претпладне Министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието на Република Македонија. Како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден“ – изјави Мицкоски, меѓу другото во своето долго експозе.

Универзитетскиот професор д-р Борче Давитковски за Фронтлајн вели дека тој може да поднесува барања, но дека оставките во секој случај се поднесуваат до мандатарот за составување на владата. Што значи дека премиерот е тој што ги прима и одлучува по нив, а не Собранието. Ако се поднесуваат оставките кај претседателот на Собранието, кој ќе предложи нови имиња?

„Ги измешаа лончињата“ – вели, меѓу другото, проф. Давитковски во краткиот разговор со нас. „Тоа е абецедата во политичката одговорност, тој што ја составува владата, тој може и да ги отповика членовите на Владата, да ги прифати или одбие понудените оставки. Тоа е идејата на парламентарната демократија.“

Со други зборови, владата ја составува мандатарот, според Уставот. Не може Собранието да ги одобрува, именува или отповикува министрите „на парче“.

Не е првпат Мицкоски и неговата екипа да покажат тотално непознавање на основните принципи на парламентарната демократија. Веројатно затоа што никогаш и не им било потребно таквото знаење, бидејќи не се залагаат за демократија. Доказ за тоа се 11-те години владеење од 2006 до 2016 година.

Но можат барем да се потрудат да не „тресат зелени“ во јавноста. Непријатно е за гледање.

Д. Е.

 

Next Post

Попладневен преглед: Успешните економски политики на Владата даваат резултати, попишани над 300 000 граѓани

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk