ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Жестока дебата меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје, ИВЗ го осуди чинот на кандидатот за градоначалник на Левица, ВМРО-ДПМНЕ кандидираат осуденици

October 15, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во недела изборот ќе биде рационален. Слободно сега опцујте ја елитата зошто заслужуваат… Апасиев престрашен од исламизација а неговиот кандидат за градоначалник од Шуто Оризари го прави спротивното на што ИВЗ остро изреагира. Кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осуденици. Голем дел од починатите биле невакцинирани.

ФРОНТ, КОМЕНТАРИ И РЕНДГЕН

Дембелана…. Елита? Слободно опцујте сега, заслужуваат. Знаете што имаат заедничко? Незнаењето и ароганцијата. Едното го храни другото и само растат – и незнаењето и ароганцијата. И тие учествуваат во создавање на политичката култура во оваа земја. Среќа што не се единствените. Има оваа земја луѓе високо качени над мочуриштето што го создаваат овие мрцини, испијте го попладневното еспресо со Џабир Дерала.

Во недела, изборот ќе биде рационален. Претпоставувам дека така ќе биде и на овие локални избори, чија кампања, до сега, поминува во, генерално, фер и демократска атмосфера. Ќе излезат луѓето и ќе гласаат, кандидати има „едно чудо“, мнозинскиот избор ќе биде рационален. Така опстојува демократијата, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Бедата на југенд-сајбер „Левица“… Според она што ни е познато, југендот на „Левица“ припаѓа на онаа маса која е социјално несреќна, пауперизирана, што значи дека во оваа земја такви луѓе има премногу, ама тоа не го спречило да отиде на Могилата на непобедените, што од друга страна ни кажува дека „членот“ на „Левица“ имал и некои поопасни замисли кога се во прашање некои други политичари, да погодуваме? Кој друг ако не е таргетот вперен во Зоран Заев! Од сите политичари на Могила, на малиот југенд само Заев му беше таргет, а останатото е историја, пардон: останатото е хистерија!, пишува Ненад Јовановиќ за Слободен печат.

Празно

Luc Descheemaeker (O-SEKOER)

 

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Апасиев стравува од исламизација, а неговиот кандидат за Шуто Оризари организира исламска молитва пред Влада – што е целта?

Последен ден од кампањата за Локалните избори 2021. СДСМ ќе одржи предизборни собори во Арачиново, Велес и Куманово. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци, Лозово, Свети Николе и во Штип. Левица ќе има „завршна дружба“ со избирачите во Градскиот парк во Скопје, а средба со граѓаните во скопската општина Центар ќе има и Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. ДУИ  ќе ја заврши изборната кампања во Гостивар, Беса  во Тетово.

На дебатата на „Канал 5“ телевизија, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и укажа на противкандидатката Данела Арсовска дека сериозно ги потценува скопјани кога се обидува да се себерепрезентира како независна кандидатка. „Вие сте кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој што се обидува да ги изигра скопјани“, изјави Шилегов, покажувајќи јавно достапен документ од  Државниот завод за ревизија.

Спасовски: МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес.

ИВЗ најостро го осудува повикот на молитва за политички цели на кандидатот на Левица. Во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник од  Левица за Шуто Оризари, Тефик Махмут, предводеше исламска молитва (намаз) и преку мегафон се учеше езан во центарот на градот, пред Влада.

Муиќ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба бил осуден на казна затвор за продажба на дрога (ДОКУМЕНТ).

СДСМ Скопје: Модерната кандидатка на барокната партија и натаму ја крие менаџерската биографија. Скопје е веќе обединет, поврзан град, град на сите скопјани. На главниот град не му треба лажна и катастрофална менаџерка, финансирана од партијата која го уништи модерно Скопје, претворајќи го во барокно Скопје и европски главен град на кичот“, пишува во реакцијата на СДСМ Скопје.

СДСМ: Повели Максим вечер да чуеш што е НАЈДОБРОТО за Куманово! Што се однесува до твојата лажна загриженост за привремено остранета канделабра на кумановскиот плоштад, за што пишуваш на фејсбук, НАЈДОБРОТО ти порачува – после величествениот настан истата ќе биде на своето место, а после победата на Оливер Илиевски, нашето Куманово ќе добие и многу многу повеќе од тоа, велат од СДСМ.

Лазаревски: Зошто во недела треба да се гласа за Шилегов и коалицијата Најдоброто за Скопје.

Герасимовски: Ново детско игралиште и загарантирани резидентни места за граѓаните под Клинички центар. Поради големата фреквенција во овој реон неопходни се резидентни места за станарите и ние тоа ќе го обезбедиме, а ќе поставиме нова и модерна урбана опрема“, најави Герасимовски.

Заев од Гостивар: Вештачката коалиција Мицкоски – Села ќе се распадне уште во недела пред полноќ. Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ освен што не сакало да ги реши тешките прашања, туку и целосно се ставиле во функција на саботажа на секој обид за напредок на државата.

ПОЛИТИКА
Брисел мора да ги исполни ветувањата кон регионот, пораки од Самитот на „Економист“.
За Заев шансите за договор меѓу Скопје и Софија ќе се зголемат по изборите, Димитров ја повика Бугарија на одговорност, за Османи спорот нема ништо со процесот на евроинтеграција.
Заев – Варвициотис: Пријателството и стратешкото партнерство меѓу двете земји има силно регионално значење и потенцијал. На средбата беше потврдено дека од исклучителен заеднички интерес и стратешка цел на двете земји е Северна Македонија колку што може поскоро да ги започне пристапните преговори со ЕУ, и дека Грција во таа насока ќе продолжи со силната поддршка.

Јотова: Бугарија има право на цврста позиција кон Северна Македонија за бугарските воени споменици. Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

ЕКОНОМИЈА

Заев: ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува  15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства, истакна премиерот Зоран Заев.

Бислимоски: Со УСАИД ги изработивме сите подзаконски акти со кои се штитат потрошувачите. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, информираат од регулаторното тело.

ПАНДЕМИЈА

Нови 413 случаи со Ковид-19, девет починати. Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица од кои четири од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), две од Велес (86г и 74г) и по едно од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

МЗ: 83% од починатите од ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани… За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.

ХРОНИКА
Во Битола се преврте автобус полн со работници. Според првичните информации во болницата во Битола биле пренесени петмина повредени, но по кратките интервенции биле пуштени на домашно лекување.
M. M.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk