Со организирањето на протести за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, слобода за „уставобранителите“, опозициската партија признава дека тие стојат зад протестите и насилниот упад во Собранието на 27 април пред пет години.
Повикувањето на слобода, како што викаат тие, уставобранителите, само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето и дека тие се подготвени на насилство, па дури и убиства со цел доаѓање и задржување на власт.
Опозицијата останува заробена во начинот на размислување во времето на режимот, кога газеа, тепаа и малтретираа.
Опозициската партија преку претседателот на т.н. патриотски институт, Александар Пандов, продолжува тепачите и убијците да ги нарекува уставобранители, обидувајќи се да претстават некаква поинаква реалност за настаните од 27 април во Собранието.
Д. Е.