По повод Денот на трудот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска рече дека на 1 Мај се одбележуваат континуираните заложби за унапредување на работничките права и солидарноста.
„На Меѓународниот ден на трудот секоја година се одбележуваат континуираните заложби за унапредување на работничките права и солидарноста за обезбедување соодветно вреднување на вложениот труд. За неколку месеци успеавме да отпочнеме значајни реформи, да склучиме нов колективен договор, со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, каде сега се вклучени и пожарникарите на скопската противпожарна бригада кои заслужуваат почит и соодветна валоризација“, пишуваше во соопштението за медиуми и јавност, испратено од Град Скопје, во кое беше упатена и благодарност до вработените во општината.
Но, на Твитер беше објавено потсетување што изјавила Арсовска во 2019 година, додека беше претседателка на Македонските стопански комори – сојуз на национални стопански комори.
Тибам сектата … pic.twitter.com/pmoy4nMZ4Q
— Цандо Големиот (@CandoGolemiot) May 2, 2022
Мора да се направи анализа по сектори и да се види каде може да има зголемување. Сите сакаат да ја зголемат, но мора многу фактори да се земат предвид при утврдување на вредноста на минималната плата. Стопанството не е подготено за вештачко и наметнато зголемување, изјавила Арсовска во 2019 година во гостувањето на ТВ Телма.
Тогашната претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска изјавила дека минималната плата е на ниско ниво, а во време кога се спорведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд.