Оваа анкета, која денес ја лиферува Божиновски, на која се вели дека Мицкоски имал најголем рејтинг, не значи ништо друго освен пад на новинарството. Значи дека новинарите не допринеле со своите ставови да го променат јавното мнение, туку тоа го прават анкетари.
Секој што работел новинарство знае дека анкетите се најниска форма на известување. Непосредно после праќање по бурек, праќање по јогурт и праќање по цигари.
Анкета е неновинарска работа, во која не се вклучени новинари, туку граѓани. Во анкета не се зборува која структура на граѓани е интервјуирана, не е наведено социјалното и образовното милје на граѓаните.
Анкетите се најманипулативната алатка за хистеризирање. Ставовите кои се дадени во денешната анкета на Божиновски не се ставови на граѓани, туку се ставови на луѓе кои ги гледаат и ги слушаат медиумските курири.
Оваа анкета е лажна. И тука доаѓаме до апсурдот: пропагандното пумпање во корист на Мицкоски е вистинско, се друго кај нив е лажно. Па така е лажна и оваа анкета.
Објава на Фејсбук од Ненад Јовановиќ