ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

100 дена од херојскиот отпор на Украина

Целиот свет сега се соочува со само едно прашање - како да се заштитиме од лудиот путински режим? Украина го покренува ова прашање во последните 8 години, од окупацијата на Крим и одделни области на Донецката и Луганската област. Украина се обиде да не дојде до ова, но сега имаме само една цел - да победиме. За да го направиме тоа, нам сè уште ни треба поддршка од сојузниците и пријателите, ни треба оружје со кое што ќе ја заштитуваме не само нашата земја, туку и целиот свет од тиранската руска политика.

June 3, 2022 10:36
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Наталија Задорожњук,
Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Наталија Задорожњук, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НАТАЛИЈА ЗАДОРОЖЊУК

Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Војната од големи размери на русија против Украина, која започна ноќта на 24 февруари 2022 година, не само што му ја покажа на светот силната украинска нација, туку и ги отвори очите за крвавиот путински режим.

На 3 јуни навршуваат 100 дена од почетокот на војната. Овие 100 дена, украинските војници, волонтери, лекари и цивили ѝ даваат силен отпор на руската инвазија. Страшно е, но веќе 100 дена русите крадат, убиваат цивили, силуваат жени и деца, уништуваат украински градови и села.

Денес, целиот цивилизиран свет стои рамо до рамо со украинскиот народ. Ние особено многу ја цениме помошта од пријателската Северна Македонија.

Украинските херојски бранители го запреа напредувањето на окупаторите и го истераа непријателот од северната насока, ги исчистија Кијивската, Чернигивската и Сумската област. Сега русија ги насочи своите напори на источна и јужна Украина, при што русите сè уште имаат за цел да ги поразат и „денацифицираат“ Украинците. ДЕНАЦИФИЦИРААТ, односно, да го уништат украинскиот народ, да го лишат народот од сопствената нација, да извршат геноцид врз Украинците.

Во првите денови постојано се прашувавме како е можно во XXI век, во ерата на глобализацијата, дигитализацијата, отворањето на новиот вселенски простор, да се наметнува својата волја преку брутална војна, преку уништување. А сега ние, Украинците, обединето и храбро се бориме за Украина, за Европа, за демократијата и правото да ја избереме сопствената иднина.

Што постигнаа русите и путинскиот режим во оваа војна против слободна и демократска држава?

  • Покрај бројните убиства на мирното украинско население, беа убиени и повеќе од 30.000 руски напаѓачи.
  • Покрај изолацијата и санкциите кои ги чинат милијарди, повеќе од 200 странски компании го напуштија рускиот пазар.
  • Покрај омразата кон русија од целиот свет, две неутрални држави веќе поднесоа барање за влез во НАТО.

Целиот свет сега се соочува со само едно прашање – како да се заштитиме од лудиот путински режим? Украина го покренува ова прашање во последните 8 години, од окупацијата на Крим и одделни области на Донецката и Луганската област. Украина се обиде да не дојде до ова, но сега имаме само една цел – да победиме.

За да го направиме тоа, нам сè уште ни треба поддршка од сојузниците и пријателите, ни треба оружје со кое што ќе ја заштитуваме не само нашата земја, туку и целиот свет од тиранската руска политика.

Во овие мрачни времиња за светската историја, мораме да бидеме обединети, силни и паметни. Заедно задолжително ќе победиме.


Текстот е личен став на Авторката, Н.Е. Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук. Преземањето на оваа содржина е возможно и пожелно, според правилата на лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на форумот „ГлобСек 2022“ во Братислава

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk