Таксистот и татко на четири деца, Иван Скајба, бил еден од групата Украинци кои ја бранеле нивната приградска улица во близина на Кијив на почетокот на војната. Тој за влакно ја избегнал смртта откако бил заробен заедно со неговите другари од руски војници додека напредувале кон главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.
Како што се наведува во прилогот, Скајба, заедно со осум негови колеги заробеници, биле одведени во двор каде што руските војници отвориле оган со цел ладнокрвно да ги убијат. Останатите осум мажи биле застрелани во злосторство што обвинителството го третира како воено злосторство.
Сепак, некако, Иван Скајба преживеал преправаќи се дека е мртов, јавува Би-Би-Си.
Ј. Ѓ.